Автор: Редакција

Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет,  со почеток во 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска.Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни подготовки на хорот во Охрид. Во Скопје хорот ќе одржи и заедничка проба со мешаниот хор на ФМУ „Драган Шуплевски“, предводен од маестро проф. Сашо Татарчевски.Хорот „Доминанте“, основан во 1975 година при Универзитетот „Аалто“ во Хелсинки,…

Read More

По петти пат, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 15 до 19 октомври.Креативниот концепт на овогодишното претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“ Со специјално изработен штанд за оваа намена, на простор од 32 квадратни метри, нашата земја и оваа година ќе се претстави во меѓународната четврта хала.Македонската асоцијација на издавачи во периодот од завршувањето на нашиот Саем на книгата досега работеше паралелно на неколку…

Read More

Барселона успеа во летото 2022 година да го убеди Роберт Левандовски да замине од Баерн Минхен и да го засили тимот во момент кога клубот немаше многу да понуди. Но, само две години подоцна, Каталонците донеле одлука дека е време за разделба со полскиот голгетер.Иако Левандовски и понатаму е еден од најдобрите напаѓачи на светот и бележи солидни бројки, раководството на Барселона му ја свртело грбот од две причини. Првата се неговите години – има 37, и оваа сезона сè почесто се соочува со ситни повреди и престои на клупата. Втората причина се навивачите, кои му го свртеа грбот по…

Read More

Меѓу многуте градови што се збогуваа со музичката легенда Халид Бешлиќ во саботата беше и Париз. Обожавателите се собраа пред Ајфеловата кула со знамиња на Босна и Херцеговина за да му оддадат почит на пејачот, а емотивното видео го сподели актерот Енис Бешлагиќ, кој ја започна иницијативата за збогувања низ целиот свет.   View this post on Instagram   A post shared by Enis Bešlagić🎭🎬 (@beslagicenis_jedini_pravi) Видеото прикажува група луѓе кои дојдоа да му оддадат почит на Бешлиќ, додека неговата песна Чардак може да се слушне во позадина. Збогување во повеќе од 60 градови Покрај Париз, повеќе од 60 градови…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, велејќи дека тоа би обезбедило нов чекор на агресија во војната со Русија. Кога беше прашан дали би испратил „Томахавк“ во Украина, Трамп одговори „ќе видиме… Можеби“. Ова следува по вториот телефонски повик викендот помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се залагаше за посилни воени капацитети за лансирање контранапади против Русија. Москва претходно го предупреди Вашингтон да не му обезбедува ракети со долг дострел на Киев, велејќи дека тоа би предизвикало голема ескалација на конфликтот и би ги затегнало односите меѓу САД и…

Read More

Предавањето на 48 израелски заложници, од кои се верува дека 20 се живи, се очекува да започне во Газа. Заложниците ќе бидат предадени на Црвениот крст, кој ќе ги предаде на израелската војска. Возила на Црвениот крст се видени во Газа, а израелски хеликоптери чекаат веднаш надвор од Појасот. Израелски безбедносен функционер потврди дека првите заложници ќе бидат ослободени утрово, а израелските одбранбени сили се подготвуваат за трансфер и враќање на заложниците како дел од спроведувањето на договорот, во утринските часови, почнувајќи од 8 часот во северниот дел на Појасот Газа. „Времето може да се промени, а ажурирањата ќе бидат дадени…

Read More

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лаен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лаен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.Попладнево Фон дер Лаен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани. Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници. Денес во 11 часот пред Драмскиот театар во населбата Карпош средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и носителката на советничката листа политикологот Никица Милевска. Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред…

Read More

Фудбалската репрезентација на Србија беше поразена од Албанија со резултат 1:0 на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, во натпревар од квалификациската група К за Светското првенство 2026 година. Веднаш по болниот пораз, од Приштина пристигна остро соопштение.Од Фудбалскиот сојуз на Косово им честитаат на Албанците за големиот триумф и најостро го осудуваат однесувањето на српските навивачи на трибините во Лесковац.Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Косово, кое го пренесуваме во целост, стои:„Фудбалскиот сојуз на Косово најостро ги осудува извици против Косово и провокативните пораки прикажани на трибините на стадионот во Лесковац, каде за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија беше…

Read More

Репрезентацијата на Казахстан веќе е во Скопје. Следниот противник на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година иако во нашиот главен град слета доцна синоќа, сепак беше пречекан од неколкумина фанови во хотелот „Лимак“.Фудбалерите на Казахстан вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе имаат тренинг, тие слетаа од Астана.Македонија на утрешната пресметка со оваа репрезентација влегува како лидер во својата група. Боби Милевски и неговите момци имаат 12 бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Казахстан е на четвртото место со шест бода.

Read More