Автор: Редакција
Царинската управа поднесе кривична пријава против едно правно и едно физичко лице поради сомнение дека нелегално вршеле меѓународни поштенски услуги и криумчарење стока. Од управата споделуваат дека во координирана акција на царинските инспектори од одделението за истраги, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен испекторат, извршиле претрес на фирма која работела без соодветна лиценца. При контролата, запленети се вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари кои биле пронајдени на лице место. Поштенските пратки биле внесувани со возила преку граничен премин без да…
Роден во 1925 година во Кремона, Таркинио ја започнал својата професионална кариера по Втората светска војна. Во текот на децениите работел за повеќе издавачки куќи во Италија и Аргентина, а особено е поврзан со издавачката куќа Серџо Бонели Едиторе, каде остави длабок авторски печат. „Серџо Таркинио беше еден од авторите кои вистински ја обликуваа историјата на италијанскиот стрип. Неговиот придонес во вестерн-жанрот и способноста да создаде автентичен и препознатлив визуелен јазик ќе останат трајно запаметени“, соопштија од Бонели. Таркинио се вбројува меѓу клучните автори на италијанскиот вестерн-стрип, со препознатлив реалистичен цртеж и силно чувство за атмосфера и историски контекст. Дури…
Најпознатата италијанска инфлуенсерка, Киара Ферањи, е ослободена од обвиненија за тешка измама во случај вреден околу два милиони евра, поврзан со продажба на божиќни колачи, велигденски чоколадни јајца и донации за деца заболени од рак, објави Си-Ен-Ен. Судија во Милано во средата одлучи дека обвиненијата за тешка измама против Ферањи не се прифатливи за судска постапка. Обвинителството бараше затворска казна од 20 месеци за 38-годишната инфлуенсерка, поради наводи дека преку маркетинг-кампања лажно претставила дека дел од приходите од продажбата на специјално брендиран „пандоро“ колач ќе бидат донирани за детска онколошка болница. Ферањи пред судот изјави дека направила „грешка во комуникацијата“,…
„Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрувањето на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата. На средбата се разговараше за реализација на проектите на коридорите 8 и 10, како и на 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти. Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти “,…
По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за привремено замрзнување на процесот за издавање имигрантски визи за 75 земји, меѓу кои и за Македонија, тој истакна дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселеничките визи.„Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапки за иселеничките визи. Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи за САД. Доколку сте стопанственик што сака да патува во САД, слободно ќе може да си аплицирате за виза“, истакна Муцунски нагласувајќи дека тоа…
Новак Ѓоковиќ во првото коло од Отвореното првенство на Австралија ќе игра против Шпанецот Педро Мартинез, одлучи ждрепката во Мелбурн. Освојувачот на рекордни 10 титули на Австралија Опен е во истиот дел од ждрепката како и двократниот последователен шампион Италијанецот Јаник Синер, со кого би можел да игра во полуфиналето.Потенцијален противник на Ѓоковиќ во второто коло би можел да биде Французинот Теренс Атман, во третото коло би можел да игра против Шпанецот Роберто Баутиста Агут или Американецот Брендон Накашима, а во четвртото коло можни противници се Чехот Јакуб Меншик и Полјакот Хуберт Хуркач.Во четвртфиналето, Ѓоковиќ би можел да се соочи…
Четири астронаути се на пат кон Земјата по порано од предвиденото заминување од Меѓународната вселенска станица. Претставниците на НАСА го нарекоа тоа „контролирана медицинска евакуација“, првпат по 25 години астронаут да ја напушти МВС поради оваа причина, пренесува Њујорк Тајмс. Четирите астронаути, кои се возеа во капсулата „Спејс Екс“ Кру Драгон, требаше да се вратат следниот месец откако пристигна заменик-екипаж. Но, медицински проблем со еден од нив минатата недела ја наведе НАСА да одлучи да ги врати членовите на екипажот дома порано. Колкав е ризикот болен астронаут да се враќа на земјата Замислете го враќањето на астронаутите на Земјата како…
Родителите често се прашуваат зошто детето дома се однесува сосема поинаку пред мајката отколку пред таткото – понекогаш е поемотивно и поискрено со мајката, додека со таткото може да биде посмирено, поповлечено или попослушно. Ваквите разлики најчесто се природен резултат на емоционалните улоги, социјалните очекувања и начинот на кој се развива врската со родителите. Во многу семејства, мајката е првото и главно „безбедно пристаниште“. Со неа, детето поминува најмногу време во раните години и учи да ги препознава и регулира емоциите со неа. Затоа децата често покажуваат силни емоции пред своите мајки: лутина, тага, фрустрација, но и потреба за блискост.…
На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава. Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се на респираторна поддршка, интубирани на одделот за интензивно лекување. „Очекувам прегледите во амбулантите драстично да се зголеми кон крајот на јануари и на почетокот на…
✍ Марија КовачеваМакедонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на Европското првенство. Континенталното натпреварување почнува денеска, но „црвено-жолтите“ првиот меч го играат утре против Данска во Хернинг. Покрај оваа селекција противници ќе бидат уште Португалија и Романија.Селекторот, Кирил Лазаров за кого ова е петто големо натпреварување како предводник на нашиот најдобар национален тим, за СпортСпорт направи анализа на подготвителниот период, очекувањата од тешките битки кои ги чекаат во Хернинг, како и патот по кој се движи новата генерација.🤾♂️Колку си задоволен од она што го сработивте во изминатиот период? Одигравме пет пријателски меча, имаме серија од четири меча без…
