Автор: Редакција
На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција.„Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика. Македонскиот КИЦ во Загреб преку вакви соработки, не само што ги шири хоризонтите на регионалната културна сцена, туку доследно и достоинствено ја презентира македонската култура, филм и авторство надвор од националните граници, градејќи мостови на разбирање, дијалог и…
Во центарот на вниманието на Европското првенство од вчера се најде селекцијата на Србија. Предводени од Раул Гонзалес, ракометарите на оваа земја го приредија првото големо изненадување на шампионтот, ја победија Германија со 30-27 и тоа по голем пресврт. Шпанскиот стртаег исто се најде во центарот на вниманието, поготово во македонските медиуми. Со него Вардар 1961 ја освои првата титулата во Лигата на шампиони, а беше и селектор на Македонија. Долгиот престој во Скопје беше доволен за да Шпанецот го научи македонскиот јазик. Иако мина многу време од неговото заминување, 2018 се пресели во редовите на ПСЖ, тој се уште…
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони. „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири. Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.…
Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер вели дека се чувствува „напуштен“ од страна на високите раководни структури во клубот поради неодамнешната продажба на клучните играчи на клубот. Менаџерот на „Орлите“ даде бомбастично интервју по поразот на Кристал Палас од 2-1 од Сандерленд во саботата.Австриецот не се воздржа во своето интервју, кое дојде по бурните 24 часа во клубот, кога Гласнер потврди дека капитенот Марк Гуеи е во последната фаза од трансфер во Манчестер Сити.Австриецот, исто така, откри дека ќе го напушти Палас на крајот од тековната сезона за нов предизвик.И за да биде уште полошо, најдобриот стрелец Жан-Филип Матета инсистира…
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 45 романи.Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на…
Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина. Мицкоски посочува дека проектот има цел создавање модерен спортски центар кој ќе одговори на потребите на професионалниот и рекреативниот спорт. Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 метри квадратни, од кои 1.400 метри квадратни се наменети за спортскиот терен, а 600 метри квадратни за пропратни простории, административни содржини и сервиси. Проектираниот капацитет изнесува приближно 1.000 гледачи. Проектот опфаќа изградба и опремување на спортски објект со ФИБА LEVEL 1 стандард, со…
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера. Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник. Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и…
На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Од МВР известуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
„Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета“, рече Филипче на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.Обвини дека власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја поминало секоја граница.Истакна дека нема одговор на вистинските прашања, како за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари за да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТА банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата, дека луѓе од врвот од Владата се среќаваат со „Ноќни…
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, вклучително и во актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени. Од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целосна документација, како и стручни материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките, кои произлегле од спроведените контроли. „Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата.“…
