Автор: Редакција

Швајцарскиот град Давос повторно ги пречекува највлијателните личности од политичкиот, економскиот и културниот свет на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ), пренесува Дојче Веле.  Настанот се одржува во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп настојува да го разниша постојниот меѓународен поредок, од укинување на воспоставените трговски правила и масовно повлекување од меѓународни организации, до апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканите за анексија на Гренланд. Само неколку дена пред почетокот на форумот, Трамп се закани со царини кон осум земји-членки на НАТО, меѓу кои Германија, Франција и Обединетото Кралство, доколку не го поддржат неговиот план за преземање…

Read More

Постојат луѓе кои успеваат да останат смирени дури и во најнапнатите ситуации, но има и такви за кои еден погрешен коментар е доволен за импулсивно да реагираат. Според астролозите, некои хороскопски знаци се познати по тоа што не ги задржуваат своите емоции и се разгоруваат во секој момент. Еве ги знаците за кои зборуваме. Овен Овните се познати по нивната изразена импулсивност. Ретко размислуваат пред да реагираат, особено во ситуации каде што чувствуваат притисок, провокација или пречка на патот кон целта. Не сакаат да чекаат, неодлучност или чувство дека некој ги спречува, што често води до ненадејни и бурни испади.…

Read More

Македонската ракометна репрезентација после ремито со Португалија ја чека тешка задача за пласман во главната рунда. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци не зависат само од себе. Потребно е чудо за да нашите момци го продолжат престојот во Хернинг. Сите детали можете да ги прочитате ТУКА.Ремито со Португалија носи и други поволности за македонската репрезентација, а тоа е бараж мечевите за пласман на Светското првенство 2027 кое ќе се одржи во Германија. Со обична победа над Романија утре, „црвено-жолтите“ и да не се пласираат во главната рунда ќе имаат три бода и ќе влезат во друштвото на најдобро третопласирани селекции,…

Read More

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Торонто Репторс со 110-93. Тројца играчи на Лејкерс постигнаа повеќе од 20 поени, а Лука Дончиќ и Деандре Ајтон ја поделија титулата најдобар стрелец.Двајцата постигнаа по 25 поени, а словенечката НБА суперѕвезда имаше лоша шутерска вечер, шутирајќи само 8/23 од поле. Во последната четвртина од натпреварот, Дончиќ остана без поени, промашувајќи ги двата обида за нешто повеќе од пет минути поминати на паркетот во тој дел од натпреварот.Леброн Џејмс додаде 24 поени и им подели седум асистенции на своите соиграчи. Дончиќ исто така имаше седум асистенции, а во овој натпревар ја регистрираше својата 12-та техничка…

Read More

Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд, денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени, информираа денеска во Основното јавно обвинителство, од каде што информираат дека претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката. „Во рамки на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември…

Read More

Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала. Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it: “Such a gentleman you are.” pic.twitter.com/4SIWNnjoAQ — Buzzing…

Read More

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека минатата година во јануари месец вратиле 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред четири години.„Така што ,ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови, се разбира, ако било идеално, ќе било поинаку, нема идеално, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната…

Read More

Прашан за коментар на изјавата на Жан Митрев, Мицкоски, одговарајќи на новинариски прашања по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека не го изненадува тоа, но и дека „јас немам што да коментирам, претпоставувам би требало обвинителството по допрен глас да коментира“.„Но, мене тоа не ме изненадува. Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија“, изјави Мицкоски.Има, посочи тој, многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период.„Вие…

Read More

Амбасадорите од 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат денеска на итен состанок, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави бран зголемени царини против европските сојузници, сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд, пренесува „Гардијан“. Кипар, кој го држи шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ, соопшти доцна синоќа дека го свикал состанокот за недела. Дипломати на ЕУ изјавија дека тој треба да започне во 17 часот. Во објава во саботата на Truth Social, Трамп изјави дека ќе воведе царина од 10% за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска, почнувајќи од 1 февруари,…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 22 казни во вкупна вредност од околу 40 илјади евра, откако инспектори спровеле вонредни инспекциски контроли во маркети и хипермаркети, информираат оттаму. Биле контролирани 188 оператори со храна, а кај 10 од нив инспекциските служби утврдиле полесни прекршувања од областа на безбедноста на храната, како што се несоодветна селекција на разладни уреди и нејасни или нечитки декларации на производите. За овие неправилности биле изречени опомени. „Во два маркети било констатирано дека вработените немаат санитарни книшки, а кај шест оператори било утврдено отсуство на имплементирани процедури за примена на правилата на добра производствена и…

Read More