Автор: Редакција
Ако ги следите модните случувања на улиците на Париз оваа сезона, ќе забележите дека едно парче што некогаш беше сеприсутно недостасува – чизми до глужд. Стилот што со години го дефинираше урбаниот шик тивко отстапи место на поелегантна, повисока и многу порафинирана силуета: тесната чизма до колена. Оваа елегантна силуета, која прецизно одговара на ногата, веднаш го воздигнува секој аутфит и го прави бескрајно пософистициран од пониските модели. Тоа е промена во обувките што го претвора дури и наједноставниот аутфит во нешто незаборавно и импресивно. View this post on Instagram A post shared by LAUREN LEVA (@discodaydream) Разновидноста како клуч…
Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното признание MIA Development Award for Outstanding Animation Project на филмскиот и телевизискиот маркет MIA Market 2025 во Рим, кој се одржа од 6 до 10 октомври.Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена на 10 октомври во силна меѓународна конкуренција, од страна на стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска сцена. Ова признание претставува значаен успех за македонската анимација и потврда за креативниот потенцијал на домашните автори и студија.Во образложението на жирито се наведува:„Наградата МИА за…
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. Вечер караванот на СДСМ ќе биде во општините Новаци, Ресен и Битола. Претставници на Вреди ќе имаат средба со Стопанска комора на северозападна Македонија. Претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и носители на листи и кандидати за советници ќе имаат средби со граѓани во Кисела Вода. Прес-конференции ќе одржат потпретседателот на ДУИ…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата, по што е предвидена заедничка прес – конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.Словачкиот претседател потоа ќе го посети и Собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.Во рамки на официјалната посета, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Објава на Фејсбук шири псевдоисторија дека Русите потекнуваат од античките Македонци, а како доказ ја нуди бистата на рускиот државник Александар Меншиков (1673 – 1729), врз која е гравиран Александар Македонски, но тоа само по себе не е научен доказ за таквото потекло. На неа е изгравиран и императорот Трајан и други Римјани, па зарем Русите потекнуваат од нив? Се разбира дека не, а причините за тоа се следниве: тоа било време кога уметноста ѝ се навраќала на антиката и кога руските властодршци се споредувале со античките, а науката не била толку развиена и се ширела псевдоисторија дека Русите или општо Словените…
Студентите кои немаат сè уште немаат сместување, а се на студии во Скопје, можат да се пријават за легло единствено во домот „Томе Стефановски-Сениќ“ во Автокоманда, бидејќи само таму има место, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Освен овој дом, слободни места им и во „Кочо Рацин“ во Битола, во „Никола Карев“ во Охрид, во „Oрде Чопела“ во Прилеп, како и во двата штипски дома „Логос“ и „Хилјадников“. „Од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови, каде што останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во…
„Да влеземе прво во Град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред сè, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме“, рече Мицкоски, на новинарко прашање. Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северозападна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и…
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера присуствуваше на премиерната изведба на театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Претставата се одигра на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот „Звездара“ во Белград.„Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица.Белградската публика со громогласен аплауз и стоечки овации ги награди актерите: Никола Ристановски, кој го игра главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, Магдалена Мијатовиќ во улогата на студентката Уна, Сена Ѓоровиќ како сопругата на професорот Олга и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите…
„Со 17 проекти од оваа област, Скопје ќе стане првиот целосно – „пејпер фри“ град во државата, дигитален, модерен и транспарентен. Дигиталната трансформација ќе се изврши во три клучни сегменти – комплетна внатрешна дигитализација на сите процеси и процедури, креирање на дигитални услуги и сервиси за граѓаните и бизнис заедницата и комплетна дигитализација на Советот и на јавните претпријатија, со што градот ја започнува најголемата административна реформа досега“, изјави Ѓорѓиевски. Програмата опфаќа внатрешна дигитализација на сите административни процеси, креирање дигитални услуги за граѓаните и бизнисите, дигитализација на Советот на Град Скопје и јавните претпријатија, формирање на „смарт центар“ за координација…
Репрезентацијата на Гана е следниот национален тим кој што обезбеди пласман на следниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико кој што ќе се одржи во 2026 година.По триумфот на домашен терен од 1:0 над репрезентацијата на Комори, Гана го обезбеди петтото учевство во шест Мундијали од 2006 наваму.Единствениот гол за победата го постигна Мохамед Кудус во 47. минута и со тоа „Црните ѕвезди“ собраа 25 бода во групата „I“, шест пред Мадагаскар, кој загуби со 1:4 на гостувањето во Мали.
