Автор: Редакција
„Као какао“ е насловот на првиот македонски мјузикл инспириран од музиката на гитаристот Влатко Стефановски – автор чииот звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Проектот беше официјално најавен на прес-конференција одржана вчера, а мјузиклот премиерно ќе биде изведен во мај, во продукција на „Баги комуникации“, со Македонскиот народен театар како копродуцент.Текстот за мјузиклот го напиша Венко Андоновски, а режијата е доверена на Дејан Пројковски. Во моментов, во план е претставата да вклучува 19 познати композиции од Влатко Стефановски, кои ќе бидат изведени во нови аранжмани, специјално подготвени за мјузиклот од Бобан Мирковски.Извршниот продуцент Владимир Мандичевски-Манде на…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за стоки од земјите кои се противат на неговите напори да ја преземе контролата врз Гренланд, објави Би-би-си. „Можеби ќе воведам царини за земји што се противат на преземањето на Гренланд, бидејќи ни е потребен за националната безбедност“, изјави Трамп на состанок во Белата куќа, без да прецизира кои држави би биле погодени и врз која законска основа би се вовеле мерките. 11 американски конгресмени од двете партии престојуваа во Гренланд, со цел да изразат поддршка за територијата и да ги сослушаат ставовите на локалните власти. Делегацијата се сретна со пратеници,…
Со измените на медиумската легислатива што стапија на сила во јули 2023 година, за првпат официјално се признава постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Со тоа, овие физички лица стануваат предмет на регулација и имаат законска обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Обврската за евидентирање во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се однесува на оние креатори на содржини кои ги исполнуваат следните критериуми: услугите ги обезбедуваат преку платформи за споделување видеа како YouTube, Instagram, TikTok и…
Последните вести од Шпанија велат дека голманот Марк -Андре Тер Штеген дека останива во Каталонија, ама не во Барселона. Искусниот германски голман е поблиску до позајмица во Џирона, чии услови веќе ги прифати, па сè што останува е Камп Ноу да се согласи на тоа. Џирона се покажа како најконкретна во решавањето на агонијата во која се најде искусниот голман, па долгогодишниот голман на мрежата на Барселона би можел да го позајми дресот на многу помал каталонски клуб до крајот на неделата. Како што беше наведено, Тер Штеген прво би пристигнал на позајмица до крајот на сезоната во Џирона, а…
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа. Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур. „Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер. Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе…
Фиорентина извести дека претседателот на клубот, Роко Комисо, починал по долго боледување.Шефот на „виолетовите“ наполни 76 години минатиот ноември, а во долга порака на веб-страницата на клубот, Фирентинците изразија благодарност за успесите на првиот тим во Италија и на меѓународните турнири, како и сочувство до семејството на Роко.„Во овој момент на голема тага, искрена мисла им упатуваме на сите во Фиорентина – персоналот, играчите и вработените – на сите што го познаваа Роко, на целата заедница и пред сè на сите момчиња и девојчиња кои ќе продолжат да ги носат боите во сеќавањето на нашиот Роко низ цела Италија и…
Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи. Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се идентични со оние на реални креатори, додека позадините во видеата изгледаат статично и неприродно, особено во сцени што наводно се снимени на отворено. @nianoir.xo♬ Big Guy – from “The SpongeBob Movie: Search for SquarePants” – Ice…
„Во рамки на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст. Средбата помина во конструктивна атмосфера и посебно беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка, нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и избалансирани решенија“, инфомрираа од Кабинетот на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Сител се осврна на темите од лидерската средба и оцени дека техничката влада што функционира пред изборите во државава за која се разговараше на лидерската средба е препартиска и нема уставен основ. Смета дека не е добро сега да има предвремени парламентарни избори бидејќи, посочува, имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и оти е добро да се завршат некои од нив.„Како професорка како и многу други мои колеги би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите, но во поделено општество како што е нашето и во рамки на…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува измените на Законот за прекршоци да бидат донесени на следната пленарна седница на Собранието, по што проектот „Безбеден град“ може да стартува од 1 февруари. За вчерашната средба меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски изјави дека биле разјаснети сите нејаснотии околу измените, што произлегоа по лидерската средба во Клубот на пратеници. ДУИ предходно бараше гаранции за да ги поддржи измените, односно разгледување на поднесените амандмани. Мицкоски потенцираше дека договорот постигнат на лидерско ниво ќе биде поддржан, а на вчерашниот состанок се отстраниле сите пречки поврзани со амандманите за законот. „Тоа…
