Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Стојков во ОН во Женева: Негаторската политика на Бугарија против Македонците е последната тоталитарна комунистичка политика во ЕУ
    Македонија

    Стојков во ОН во Женева: Негаторската политика на Бугарија против Македонците е последната тоталитарна комунистичка политика во ЕУ

    29/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Јас сум Стојко Стојков, Македонец од македонското малцинство во Бугарија кое денес се бори за основно признавање на своето постоење. Откако официјално бевме признати како малцинство во Бугарија и уживавме некои права, подоцна бевме прогласени за непостојни, прогонувани како предавници и асимилирани под комунистичкиот режим. Денес во демократска Бугарија нашето постоење останува негирано – политика утврдена со две парламентарни декларации и една одлука на Уставниот суд“, рекол Стојков во своето обраќање.

    Ова, додал, резултираше со стотици судски одлуки кои го толкуваат секое тврдење дека македонското малцинство постои како закана за нацијата, државата и безбедноста. Поради тоа, не постои регистрирана партија или организација на македонското малцинство, без оглед на 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права против Бугарија.

    „Самото наше постоење го крши официјалниот наратив и се дочекува во медиумите и општеството со говор на омраза, прикажувајќи ги Македонците како национални предавници, странски агенти и непријатели, морални дегенерици и ретардирани. Таквиот говор е нормализиран и никогаш не се казнува“, посочил тој.

    Нагласил дека сето ова го исклучува малцинството од општествениот и политичкиот живот, кое „не може да се претставува себеси, ниту некоја друга партија се осмелува да се залага за правата на Македонците“.

    „Македонците денес немаат никакви малцински права во Бугарија, а државата отфрла секаков обид за дијалог со нив, и покрај сите препораки на институциите за човекови права. Бидејќи Европската Унија ги остави малцинските права на милост и немилост на националните држави, тоа де факто се претвори во европски благослов за оваа политика на негирање, асимилација и дискриминација кон едно малцинство во рамките на Европската Унија“, навел Стојков.

    Според него „оваа политика создаде конфликт со Македонија и ја блокира нејзината евроинтеграција, загрозувајќи ја регионалната безбедност”.

    „Оваа политика придонесува за создавање индустрија за корупција од милијарда евра со трговија со бугарски државјанства. Оваа политика против Македонците денес е последната тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија и мора да престане“, порачал Стојков, пренесува весникот „Илинден“.

     

    Поврзани вести

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    Демократите освоија место во државниот парламент на Флорида што го опфаќа и домот на Трамп Мар-а-Лаго

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Таравари го штитат градоначалникот на Гостивар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.