Автор: Редакција
Иран ја осуди добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, на уште седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија нејзините поддржувачи, додека Техеран презема мерки против сите неистомисленици по националните протести и смртта на илјадници луѓе од рацете на безбедносните сили. Новите пресуди против Мохамади доаѓаат во време кога Иран се обидува да преговара со Соединетите Држави за својата нуклеарна програма за да спречи закана од воен удар од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Дипломати од Иран инсистираа дека силата на Техеран доаѓа од неговата способност да каже не на големите сили, заземајќи максималистичка позиција…
За ТВ Сител Минчев потсети дека досега оваа Влада има направено повеќе договори, во кои се опфатени сите вработени на кои Владата е работодавач, како вработени во МВР, МО, здравство, образование и се завршува со околу 11 илјади вработени во јавната администрација за која, како што рече, факт е дека платите беа мали.„Во овие 40 отсто се и годишните усогласувања кои им следат на вработените во јавната администрација на годишно ниво“, рече Минчев. Тој најави дека по овој договор што е постигнат денеска, Министерство за јавна администрација ќе пристапи кон подготовка на текст предмет на договор кој ќе биде колективен…
„Ова е еден поширок пакет, каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно имаме вакви договори и со вработените во образованието, и со вработените во здравството, и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, ние како Влада, како најголем работодавач, практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите. Ова е историски момент, бидејќи досега никогаш порано не се…
Србија не може без својот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ. Загуби во првото коло од квалификациите за Светската група во Дејвис купот од Чиле. Пораз што значи дека оваа земја се соочува борба за опстанок. Поточно, чекаат ждрепката за Светската група и натпреварите во септември за враќање во квалификациите за Светската група и нова можност за Ф8 следната сезона.Србија беше ослабена во Чиле бидејќи Ѓоковиќ бидејќи играше во финалето на Австралија Опен и не беше реално да го премине „половина светот“ и да оди од Австралија во Јужна Америка и притоа да ја смени подлогата.„Штета што не бевме комплетни. Секој сака…
Снимка на која актерот Џејсон Момоа ѝ зема тестенини на непозната жена во ресторан стана вирален хит откако беше објавена на Тик-Ток. Во видеото, Момоа ѝ приоѓа одзади, ѝ ја зема вилушката, зема голем залак и потоа се оддалечува насмеан, оставајќи ја жената насмеана и изненадена. Видеото го објави корисничката на ТикТок @maceyw_x и ја прикажува нејзината мајка како седи во ресторан, кога Момоа ѝ приоѓа одзади. Тој ја зема вилушката од нејзината чинија, зема тестенини, се насмевнува и си заминува. Во позадина се слуша смеа од личноста што снима, додека жената останува збунета, обидувајќи се да разбере што точно…
„Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање.Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста.Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа.А без никаков срам, подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката, а посебно во овие скоро две години колку…
Хјустон Рокетс го победи актуелниот шампион Оклахома Сити со 112:106 на гостински терен, нанесувајќи им го 13-тиот пораз во сезоната.Ветеранот на гостинскиот тим Кевин Дурант беше исвиркан затоа што навивачите на Оклахома Сити не му простуваат што отиде во Голден Стејт и таму освојуваше титули. Сепак, тоа не го загрижи премногу, постигна 20 поени во натпревар во кој „Бебето Јокиќ“, турскиот центар Алперен Шенгун, постигна трипл-дабл за Хјустон, со учинок од 17 поени, 12 скока и 11 асистенции. Тоа беше неговиот втор трипл-дабл оваа сезона, а 10-ти во неговата кариера.Рокетите со скор од 32-19 се доближија до Денвер (33-19) во…
Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here Without You“, почина на 47-годишна возраст, неколку месеци откако објави дека боледува од тешка болест.Бендот ја објави тажната вест„Со тешко срце ја споделуваме веста дека Бред Арнолд, основач, главен пејач и текстописец на 3 Doors Down, почина во саботата, на 7 февруари“, објави бендот на Инстаграм.„Почина во сон, опкружен со љубов, покрај својата сопруга Џенифер и семејството, по храбра борба со рак“, додадоа тие, споменувајќи ја неговата сопруга Џенифер Сандерфорд.Бендот се присети на Арнолд како на основач, пејач и оригинален…
Глобална група научници, инженери и експерти за политика открија амбициозен план за изградба на ѕид долж „Глечерот на судниот ден“, бидејќи стравот од поплави продолжува да расте. Сместен на Западниот антарктички леден покрив, глечерот Твејтс го добива своето апокалиптично име поради неговото потенцијално влијание врз нивото на морето. Покривајќи огромни 192.000 км², што го прави споредлив по големина со Велика Британија, глечерот се топи со невидена брзина поради климатските промени предизвикани од човекот. Веќе, четири проценти од годишното зголемување на нивото на морето во светот се должи на континуираното губење на мразот Твејтс, бидејќи гасовите што ја задржуваат топлината продолжуваат…
„Во делот на НАТО-сертификатот она што цело време го потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат. Ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата“, појасни Ковачки.Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО-сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО-парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.„Поседувам и највисок НАТО-сертификат, значи учествувам и на затворени седници на НАТО-парламентарното собрание. каде…
