Автор: Редакција

Володимир Зеленски вели дека времето и местото на следната рунда мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина ќе зависат од безбедносната состојба на Блискиот Исток и нивото на реални дипломатски можности. Украинскиот претседател во саботата изјави дека ќе издаде нови директиви до украинскиот преговарачки тим на разговорите, без да прецизира за што станува збор. Тој рече дека следната рунда разговори веројатно ќе се одржи во Абу Даби на почетокот на март. Но, Обединетите Арапски Емирати оттогаш се зафатени со непријателства откако САД и Израел започнаа напади врз Иран. Зеленски ја изрази својата поддршка за нападите предводени од САД, нарекувајќи го…

Read More

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.

Read More

Феноменален дуел од 28-то коло од Премиер лигата одиграа Барнли и Брентфорд. По многу пресврти, голови, можности, Брентфорд победи со 4:3, а одлучувачкиот гол падна во третата минута од судиското продолжение, Дамсгард постигна гол за гореспоменатите 3:4 за гостите. Пред тоа, на Барнли му беше поништен гол кога резултатот беше 3:3. ВАР го поништи голот на Флеминг и предизвика силни реакции кај домашната публика и навивачите. На фотографијата можете да видите повлечена линија и мора добро да погледнете за да видите што е офсајд? Објаснувањето на крајот е дека врвот на лактот на фудбалерот на Барнли бил во офсајд. Неверојатна…

Read More

Смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во заеднички воен напад на САД и Израел, активира формален процес на избор на наследник што може значително да ја обликува иднината на земјата, од внатрешната политичка стабилност до режимот на санкции против Исламската република и економската перспектива на земјата. Хамнеи, кој имаше 86 години, ја презеде функцијата во 1989 година по смртта на ајатолахот Рухолах Хомеини, водач на револуцијата во Иран во период кога револуционерната држава сè уште се консолидираше по Иранско-ирачката војна. Во моментот на неговата смрт, според иранската агенција Фарс, тој се наоѓал во својата…

Read More

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Read More

Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.

Read More

Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година, а досега се пуштени 40-ина километри и тоа делниците Врбјани–Ботун и Климештани–Охрид, додека другиот дел сè уште е во изградба. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години ветуваше дека целата автопатска делницата ќе биде завршена до крајот на 2026 година. Но според последните најави, тоа нема да се случи оваа година. Со усвоените законски измени во Собранието се предвидува нов анекс на Договорот со кој рокот за завршување на автопатот се пролонгира до 31 мај 2027 година. Со овој документ се предвидуваат и дополнителни 186 милиони евра, со кои…

Read More

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, издавачката куќа „Матица македонска“ денеска ќе ја заокружи иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги и во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање.-Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во…

Read More

Дуелот меѓу Оклахома и Денвер ќе биде запаметен по неспортискиот потег на Дорт врз Јокиќ, кој едноставно излезе од кожа и беше подготвен да се пресметка со целиот тим на Тандерс.НБА легендите го споделија своето мислење за овој настан, а прес-конференција зборуваше и тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, кој рече дека неговиот тим очекува физички интензивен натпревар.„Ова го очекувавме. Овие два тима се познаваат добро, игравме серија од седум натпревари во плејофот. Играме четири пати годишно. Морам повторно да погледнам што се случи со Дорт. Ми рекоа дека потегот изгледа лошо, но не можев да го видам. Судиите го видоа…

Read More

Никола Јокиќ имаше трипл-дабл на натпреварот против Оклахома, но никој не зборува за кошарка. Сите зборуваат за валканиот удар на Лу Дорт што го изнервира инаку мирниот играч на Сомбор и го принуди да започне вистинска борба на средина од играта.Кога беше погоден, Јокиќ тргна по Дорт штом се симна од теренот, а потоа тргна по целиот тим на Оклахома. Петмината мораа да го држат за да го смират, што ги воодушеви легендите на НБА. Шекил О’Нил и Чарлс Баркли го поддржаа потегот на Јокиќ:Шекил О’Нил беше првиот што се огласи, велејќи дека Јокиќ, поради неговото неодамнешно закрепнување од повреда,…

Read More