Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Постигнат договор за платите на административците меѓу Владата и синдикатите – покачување од 40 отсто за 11.000 вработени
    Македонија

    Постигнат договор за платите на административците меѓу Владата и синдикатите – покачување од 40 отсто за 11.000 вработени

    08/02/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Ова е еден поширок пакет, каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно имаме вакви договори и со вработените во образованието, и со вработените во здравството, и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, ние како Влада, како најголем работодавач, практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите. Ова е историски момент, бидејќи досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите и нивно усогласување за да дојдеме до некое достоинствено ниво“, истакна Мицкоски.

    Ова се, напомена премиерот, тие храбри чекори што ги прави Владата.

    „Ова се тие храбри чекори што ги прави Владата дури и во услови на светски и домашни предизвици што секако влијаат на економијата, со домаќинско, зрело, одговорно работење и работење со државната каса, со што можеме тоа сè да го исполниме како држава. Еве постигнуваме договор и тој договор понатаму треба да се операционализира преку индивидуални договори, а тоа што го споменаа и двајцата претседатели, а ние како Влада го повторуваме веќе подолго време – е дека Општиот колективен договор е истечен, иако таму во завршните преодни одредби стои дека тој останува во сила сè додека не се донесе нов.

    Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, се разбира очекувам тоа да биде во пократок период, заедно со двата репрезентативни синдикати – во случајов ССМ и КСС – да седнеме и да испреговараме еден нов општ колективен договор, којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите. Од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците, но ќе ја има и Владата и цениме дека една ваква вин-вин комбинација, односно двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и најмногу државата се разбира, можеме да го направиме со едно зрело работење и со една доверба што мислам полека, но сигурно со одредени структури во синдикатите. Не велам со сите, но со одредени структури во синдикатите ние како Влада ја имаме и градиме, бидејќи има структури што за жал никако да излезат од политичките прегратки на одредени политички партии“, рече Мицкоски.

    Тој повтори дека по долго време, преку конструктивен разговор, изминатава недела се постигна заедничко решение.

    Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, денеска, пред средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, на која присуствуваа и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека по скоро две години, вработените во управата и правосудството успеале да го добијат тоа што го барале и за кое преговарале скоро две години.

    „Ова барање УПОЗ го има истакнато пред повеќе од година и половина. Скоро две години преговараме со Владата за ова, протестиравме, се прекинуваа договори еднострано за конечно повторно да седнеме на маса. Успеваме да го добиеме ова што го бараме со малку пониски проценти, но во вкупната слика ќе излезе дека ќе земаме повеќе од 30 проценти.  Од синдикалните организации што се изјаснија, 95 проценти рекоа – да, да се потпишат овие индивидуални колективни договори, со што конечно ќе се затвори една проблематика за вработените во управата и правосудството. Ќе има начин на покачување плата онака како што се кажуваше во јавноста – ние баравме 30 проценти, а ќе земаме повеќе од 40 отсто, што мислам дека е ок“, изјави Деановски.

    Тој напомена дека УПОЗ не е потписник на колективен договор, а во врска со членот за коефициентите, рече дека нема да има никакво бришење.

    „Од колективен договор може да се откаже само тој што го потпишува, но и што и да се потпише Општиот колективен договор останува на сила. Општиот колективен договор останува на сила. Секој што мисли дека има поповолно право од тој Општ колективен договор, може да си покренува тужби во граѓанските судови. Треба да се знае дека со потпишување на овие колективни договори има поповолно право за платите на вработените во управата и правосудството. Годинава порасна просечната плата за 9 отсто, а ние сега, со овие колективни договори, ќе земеме 13 – 15 отсто зголемување“, изјави Деановски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Направете маска за побрз раст на косата од 3 состојки: нема да зажалите

    Гаши за Божиќ: Овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба

    Дина Јашари со турнеја низ Македонија: концерти во седум градови од јули до септември

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.