Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Рефлектираме стабилност и сигурност, ги намаливме даноците за бензините, а враќаме и 2,5 милијарди евра стари долгови
    Политика

    Мицкоски: Рефлектираме стабилност и сигурност, ги намаливме даноците за бензините, а враќаме и 2,5 милијарди евра стари долгови

    25/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Се обидувам врз основа на оние информации кои ги имам и добивам од страна на институциите да ги антиципирам предизвиците и со свои предлози да излезам пред колегите во Владата да дебатираме и носиме решенија, и тие решенија треба да бидат во насока да го олеснат животот на граѓаните во услови на криза, а не со внесување на дополнителна паника или параноја да им го правиме и онака тешкиот живот, уште потежок“, изјави премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски додаде дека нема потреба да се прави естрада во ваква ситуација, туку треба Владата да си ја врши работата да ги антиципира предизвиците и да носиме решенија и тоа Владата го прави во моментот.

    „Ние како единствена Влада во регионот и една од ретките две или три во Европа, повлековме чекор кој е директно од буџетот со намалување на ДДВ, робусен чекор иако пред тоа бевме свесни дека тоа ќе има генерално фискални импликации кои можеби ќе ни бидат товар. Но, тоа не е единствениот предизвик со кој ние се соочуваме оваа година. Ние како влада треба да вратиме 2,5 милијарди евра стари долгови кои ги направиле претходните влади. Имаме колективни договори кои треба да ги испорачаме за нашите колеги кои своите примања ги добиваат од Владата или владините институции, што значи зголемување на платата. Излезе Државниот завод за статистика во јануари повторно имаме близу 9% пораст на платата споредено со истиот месец минатата година. Значи продолжуваат платите да растат иако од страна на опозицијата имаше хистерија дека не растеле платите. Ја имаме кризата во заливот, ги имаме овие фискални мерки кои директно значат намалување на цената на горивото“, потенцираше премиерот Мицкоски.
    Покрај овој предизвик, премиерот Мицкоски нагласи дека тоа што не го гледаат граѓаните, а кое владата го работи е исто така и враќањето на оној т.н. солидарен данок на мината влада, дојде времето кога сметката треба да се врати.
    „Сето ова се сериозни предизвици со кои ние се соочуваме, од друга страна притисоците промена на Устав, од друга страна безбедносни ризици коишто мораме да ги антиципираме и да внимаваме. Така што сето ова како тема мора да се владее, да се претпостави, да се антиципира и да се понудат решенија“, изјави премиерот Мицкоски.
    Тој вели дека најлесно е да се создава параноја и да се плашат граѓаните како што прават други, но Владата тоа што го прави е да внесе доза на оптимизам, ведрина дека се владее состојбата и дека знаеме што прави Владата, дека прави добро за граѓаните.

    „Мислам дека тоа го правиме засега, ја одржавме ценовната стабилност, имаме најниски цени на горивата во регионот и едни од најниските во Европа, тука зборувам за бензините и за дизел горивото. Голем дел од граѓаните на соседните земји доаѓаат да полнат гориво кај нас. Ако во времето симбол за македонските граѓани и за соседните држави беше ние да коленичиме и бараме милост, сега е поинаква состојбата, ние сме тие кои рефлектираат стабилност, сигурност, ние сме тие кои нудиме решенија за граѓаните од соседните држави“, дециден е премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Охрид повторно живее во ритамот на уметноста, свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

    По смртта на Хамнеи: Што следува за Иран и какви се можните сценарија?

    Министерството за внатрешна безбедност суспендира неколку програми за безбедност на аеродромите во САД

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.