Автор: Редакција

Како што информираат од СДСМ, на денешната седница Извршниот одбор на партијата ги прифати предлозите на Филипче за новите партиски позиции на Шукова и Жерновски.Жерновски доаѓа на позицијата која претходно ја вршеше Бојан Маричиќ.

Read More

Тој додаде дека очекува протестот да помине мирно, и оти нема да има дополнително обезбедување на објектот.„На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има протест. Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седницата, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој би дошол со автомобил. Дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на…

Read More

Трајков порача дека ЕУ интеграцијата не е само политика — тоа е вештини, инвестиции и можности за граѓаните.,,Erasmus+Horizon Europe не се само програми на хартија. Тие се реална можност со којашто се отвора простор за се повеќе жени истражувачки, иноваторки, можност за оние коишто ќе одлучат да  ги докажат своите способности во области како обновлива енергија, паметни мрежи и климатски технологии. Потребен е координиран патоказ во процесот на стекнување и надградување на вештините на жените до посакуваното работно место”, порача Трајков.Заменик-минисерката за европски прашања потенцираше дека родовата перспектива е еден од клучните сегменти на ЕУ приоритетите, вклучувајќи ја и зелената и…

Read More

Министерството за правда ќе им дозволи на членовите на Конгресот да ги прегледуваат нецензурираните досиеја за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, според писмото испратено до пратениците, пренесува Асошиејтед Прес. Во писмото се вели дека пратениците ќе можат да ги прегледуваат нецензурираните верзии на повеќе од 3 милиони досиеја што Министерството за правда ги објави за да се усогласи со законот донесен од Конгресот минатата година. За да пристапат до досиејата, пратениците ќе треба да го известат Министерството за правда 24 часа однапред. Тие ќе можат да ги прегледуваат досиејата на компјутерите во Министерството за правда. Само пратениците, а не нивниот…

Read More

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ најави дека утре (10 февруари) ќе организира мирна блокада во Струмица во траење од два и пол часа на трите улици кај кружниот тек кај Поштата, како дел од нивните активности против аерозагадувањето. Од иницијативата соопштија дека и по неодамнешниот протест и официјалното доставување на нивните барања има почетна реакција од надлежните институции, но, како што наведуваат, сè уште нема конкретни резултати ниту итни и ефективни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Тие велат дека вградувањето филтри во индустриските капацитети е суштинско и најавуваат дека нема да се двоумат да блокираат објекти што работат без…

Read More

„Можам да кажам откако ние ја превземавме институцијата што сме направиле, тоа е отпочнување на постапка за легализација на оној имот што го имаме и кој е суштински имот и со којшто реално го гледаме и располагаме. Легализацијата за вилите Водно 1 и 2 (претседателската и премиерската) веќе имаат имотен лист со трајно користење на Службата за општи и заеднички работи, додека на минатата седница на Влада помина и легализацијата на охридските вили, тоа се исто премиерска и претседателска и уште две вили кои што се во Свети Стефан“, рече Томовски кој заедно со неговиот тим денеска имаше средба со…

Read More

Ќе добие ли државата уште време или Охридскиот Регион ќе биде годинава запишан во листата на светски наследства во опасност, како што бараат граѓанските организации, ќе се знае по средбите на претставници на македонската Влада и Општините Охрид и Струга со претставници на УНЕСКО. Како што информираа од Владата, делегација во која се заменик-претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, министрите за надворешни работи, култура и животна средина Тимчо Муцунски, Зоран Љутков и Муамет Хоџа, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и на Струга, Менди Ќира, денеска и утре се во дводневна работна посета на Париз на која ќе се сретнат…

Read More

Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга принцезата Аниша, која има хрватски корени, го добија своето прво дете. Вчера им се роди девојче, а веста ја објави на Инстаграм националната телевизија RTB. RTB ја објави веста на својот официјален профил на Инстаграм, заедно со соопштение од кабинетот на султанот. Во соопштението се наведува дека принцезата Аниша Росна бинти Адам, сопруга на принцот Муда Абдул Матин, родила ќерка на 20 Шабан 1447 година по Хиџра, што одговара на 8 февруари 2026 година, во 8:50 часот наутро. Во објавата е наведено и како е одбележано раѓањето: „По ова соопштение, беа испукани…

Read More

Обложувањето на јапонската премиерка Санае Такаичи дека нејзината лична популарност ќе доведе до големи изборни добивки за нејзината партија во борба се исплати огромно, пренесува Асошиејтед Прес. Tаа го започна процесот на преточување на таа нова моќ, манифестирана со двотретинско супермнозинство добиено на парламентарните избори претходниот ден, во она што се надева дека ќе биде сеопфатно конзервативно законодавство кое ќе ги промени безбедносните, имиграциските, економските и социјалните политики на Јапонија. Првите чекори вклучуваат повторно назначување на нејзиниот кабинет и поттикнување на одложениот буџет и гласањата следната недела кои ќе ја реизберат за премиер. Такаичи им изјави на новинарите во понеделникот…

Read More

Во првата недела од почетокот на системот „Безбеден град“, регистрирани се речиси 5.000 прекршоци. Од нив, за брзо возење биле 4.674, потоа за минување на црвено светло 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, изречени се вкупно 288 мерки за забрана за управување со возило, од кои 163 се за минување на црвено светло, а 125 се за брзо возење. Од регистрираните прекршители, 641 кои добиле мерка за сторен прекршок се возила со странски регистарски ознаки. Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во…

Read More