Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Милошоски – Вистричил: Соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западниот Балкан е взаемно корисен процес
    Македонија

    Милошоски – Вистричил: Соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западниот Балкан е взаемно корисен процес

    27/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Се заблагодарив за постојаната поддршка што Чешка ѝ ја дава на Македонија. Разговаравме за нашите билатерални односи, како и за состојбите во регионот во однос на европските интеграции. Заедничка констатација е дека унапредувањето на соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западниот Балкан е взаемно корисен процес за искористување на стопанските потенцијали, како и за подобро усогласување на ставовите во однос на глобалните предизвици за Европа“, објави Милошоски по средбата.

    Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која е во организација на Националното собрание на Унгарија, е традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа.

    Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.

    Централна тема на првата сесија е „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“, додека втората сесија е посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања – предизвици и можности во регионот“.

    На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската Унија и меѓународни организации, по што ќе следат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.

     

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Објавен конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор

    Ако печете храна во валкана рерна – последиците можат да бидат опасни

    На 4 октомври, Бела ноќ во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.