Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»БИРН: Српски врски и во други македонски компании за канабис
    Македонија

    БИРН: Српски врски и во други македонски компании за канабис

    27/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Српската наркошверцерска мрежа од Крушевац пенетрирала во легалниот бизнис со канабис во Македонија многу подлабоко отколку што покажуваат досегашните објавени сознанија од истрагите, поврзани со нелегалниот транспорт на пет тони марихуана кон северниот сосед, открива БИРН.

    „Нашите теренски информации и разговорите со лица што имале контакт со групата покажуваат дека не станува збор само за локални операции, односно дека мрежата гравитира околу луѓе со бизнис-интереси што се протегаат надвор од Балканот. Последниот случај само ги потврдува слабата контрола и недостатоците на системот, за што БИРН повеќепати пишуваше, како бизнисот со марихуана е магнет за инвеститори, неретко со криминално минато, во потрага по брз профит. Еуфоријата околу овој релативно нов и исклучително лукративен бизнис, надополнета со ограничените знаења за легалното одгледување и слабата државна контрола, резултираше со огромни количества неквалитетен цвет за фармацевтскиот пазар и податлив плен за играчите на црниот пазар“, пишува БИРН.

    Како што се наведува во текстот, скопска компанија „Алфафарм“, има седум основачи, но интересни се двајца: Иван Драгниќ од Крушевац, Србија, и македонскиот државјанин Драган Крстев.

    „БИРН открива дека овие двајца, во одреден период, одделно биле во управувачките структури и на други македонски компании за канабис, кои засега не се спомнуваат во официјалните соопштенија за истрагите. Членот на шверцерска група Иван Драгниќ, кој според српското обвинителство е осомничен дека ја прифатил марихуаната на српска територија, до пред само три месеци бил директор на сосема друга компанија за одгледување медицински канабис, струмичката „Лајтинг лукс.“ Интересно е што оваа фирма ВМРО-ДПМНЕ, и како опозициска, и како владејачка партија, ја поврзуваше со луѓе од поранешниот политички врв на СДСМ. Во мај 2024 година, струмичанката Славица Котева и нејзиниот бизнис-партнер, Холанѓанецот Теодорус Петрус Бернардус Воутерс, во „Лајтинг лукс“ го поставуваат Драгниќ за управител“, објавува БИРН.

    Поврзани вести

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ректорката Николиќ предупредува дека се дискредитираат универзитетите во Србија

    Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

    Санчез ја отфрли идејата на САД за суспендирање на Шпанија од НАТО

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.