Автор: Редакција
Соединетите Американски Држави соопштија дека заплениле танкер поврзан со Венецуела, а пловел под руско знаме. Ова е дел од агресивната стратегија на претседателот Доналд Трамп да ги контролира нафтените текови во Америка и да ја принуди социјалистичката влада во Каракас да стане сојузник на САД, соопшти Ројтерс. Откако претседателот Николас Мадуро беше соборен, Вашингтон ги блокираше санкционираните бродови што пловат кон и од водите на Венецуела. Американската крајбрежна стража и војската го пресретнале танкерот „Маринера“, кој минатиот месец одбил да дозволи качување на американските сили и потоа го сменил знамето во руско, соопштија официјални лица. Танкерот „Маринера“ бил под санкциите…
„Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно како народ ќе сватиме без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања едноставно треба да бидеме заедно“, изјави премиерот Мицкоски.Изрази жалење, што, како што кажа, претходната Влада на еден таков начин…
Драматично продолжуваат да растат цените на становите во Северна Македонија, што го прави купувањето дом сè понедостижно за младите семејства и за граѓаните со просечни приходи. Според податоците на Народната банка, во четвртиот квартал од 2025 година недвижностите поскапеле за 25 отсто на годишно ниво, со што се заокружува година со континуиран двоцифрен раст на цените. Индексот се базира на огласени станови во Скопје, каде притисокот врз пазарот е најизразен. Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Катастарот покажуваат дека во општина Центар е постигната цена од 3000 евра по квадратен метар, што дополнително ја илустрира длабоката неусогласеност меѓу…
Англискиот фудбалски клуб Вест Бромвич Албион денеска ја прекина соработката со тренерот Рајан Мејсон, по само седум месеци на клупата.Мејсон заминува во момент кога Вест Бромович се наоѓа на 18. место во Чемпионшип со 24 екипи. Триесет и четиригодишниот стручњак минатото лето потпиша тригодишен договор, што му беше прва постојана работа како главен тренер, по два мандати во улога на привремен шеф на стручниот штаб во Тотенхем.Во Тотенхем, Мејсон ја презема екипата по заминувањата на Жозе Мурињо во 2021 година и Антонио Конте во 2023 година.Тој е четвртиот тренер што го напушта Вест Бромович во последните пет сезони, откако клубот…
„По повод православниот Божик, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата“, се наведува во честитката.„Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ!“, стои во честитката од Гаши.
Сармата е едно од јадењата чија подготовка бара внимание на многу детали, бидејќи одредени грешки можат целосно да го расипат вкусот. Од изборот на зелката до начинот на готвење, ситниците ја прават разликата меѓу сочна, мека сарма и онаа преварена или без вкус. Една од најчестите грешки се случува уште на самиот почеток – ако зелката е пресолена или претврда, тоа може да го уништи целото јадење. Листовите треба да се исплакнат под млаз вода и, по потреба, кратко да се натопат, но не толку долго за да го изгубат целиот вкус, пишува „Кликс“. Друга честа грешка при подготовка на…
Шпанскиот стручњак Луис Енрике размислува за заминување од Пари Сен Жермен по завршувањето на актуелната сезона, и покрај тоа што со клубот оствари историски успеси. Според пишувањето на германскиот Bild, Енрике не планира да го продолжи договорот што му истекува во јуни, бидејќи во својата кариера бара нови предизвици, пренесува Marca.Зошто Енрике сака да го напушти Париз?Главната причина лежи во желбата за нов професионален исчекор. Со оглед на тоа што кон крајот на јуни би станал слободен тренер, Енрике би можел да стане исклучително атрактивен кандидат за водечките светски репрезентации кои по Светското првенство ќе бараат селектор за нов циклус.Како…
Гвинет Палтроу и денес негува посебни чувства кон филмот „Добриот Вил Хантинг“, со Оскар наградената драма што ја напишаа и во која глумат нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек и Мет Дејмон. Во недамнешно гостување во подкастот „Good Hang“, Палтроу ѝ откри на водителката Ејми Полер колку ѝ значи тој филм. „Го обожавам тој филм“, изјави Палтроу. „Совршен филм е. Толку многу го сакам.“ Иако 53-годишната актерка претходно соработувала со Робин Вилијамс во 1991 година, со покојниот комичар станала пријателка дури кога Афлек и Дејмон го ангажирале за нивниот филм од 1998 година. „Го запознав само накратко кога излезе ‘Добриот Вил…
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на…
Царинските службеници и мобилните царински тимови во изминативе денови спречиле повеќе обиди за шверц на разновидна стока, меѓу кои 103 мобилни телефони, повеќе од два тона банани, над 100 парфеми од познати брендови, 24 килограми режан тутун, масла, суплементи, козметика и друга стока. На граничниот премин Табановце, цариниците заплениле 500 пакувања суплементи, автоопрема, алати за градежни работи и друга специјализирана опрема со вкупна вредност од над 1,2 милиони денари. Со овие заплени е спречен обид за избегнување плаќање царински давачки во износ од 428 илјади денари. На граничниот премин Деве Баир, во три случаи, при контрола на автомобили и автобус,…
