Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»НАкС: Новите закони оставаат простор за политички притисоци врз универзитетите
    Македонија

    НАкС: Новите закони оставаат простор за политички притисоци врз универзитетите

    06/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека испратил серија забелешки до Министерството за образование и наука (МОН), во однос на сите за сите три нацрт-закони – за високо образование, законот за квалитет во високото образование, како и оној за научно истражувачка дејност , но како што велат од синдикатот, дел од забелешките биле игнорирани, а законите суштински остануваат непроменети.

    Пакетот од овие три закони се, како што велат од НАкС, загрижувачки и можат да му нанесат штета на високото образование. Евидентниот проблем е задирањето во универзитетската автономија, сметаат од НАкС.

    „Во сите три предложени текстови очигледно е нарушувањето на универзитетската автономија, преку одземање на надлежностите на независните тела и нивно префрлање на МОН. Овие законски решенија не овозможуваат доволна независност во финансиското работење и оставаат простор за притисок од власта врз кадровските политики на високообразовните установи (ВОУ)“, велат од НАкС.

    Исто така, според НАкС, предложените измени носат ризик од поголема централизација на управувањето на универзитетите. Оттаму укажуваат дека дел од надлежностите на сенатите и наставно-научните совети се префрлаат на ректорите и деканите, а се укинуваат и одредбите за тајни и непосредни избори на претставници во деканатските управи, што, како што велат, може да го зголеми влијанието на раководните структури.

    Од НАкС посочуваат и дека новиот Закон за високо образование предвидува Советот на универзитетите, наместо Сенатот како највисок орган, да одлучува за инвестициите и развојот на универзитетите. Тие укажуваат дека во ова тело членуваат и претставници на извршната власт и дека по својата природа има надзорна, а не управувачка функција.

    „Предложеното решение предвидува развојот на универзитетите да зависи од Советот, што е можност за влијание и притисоци од страна на извршната власт“, се наведува во забелешките.

    Во однос на новите услови за избор во наставно-научни и научни звања, од НАкС коментираат дека истите треба да одговараат на спецификите на различните научни и уметнички подрачја, но и да постојат услови за нивно достигнување. Оттаму сметаат и дека дека h-индексот не треба да се користи како критериум за избор во научни звања, нагласувајќи дека во соседните земји со развиени системи на наука и високо образование овој индекс не се применува.

    „Во предложените решенија условите не се применливи за различните научни подрачја и се тешки за достигнување од младите научници, без гаранции за соодветно финансирање и услови за работа. Наместо декларираната цел – зголемување на квалитетот, ваквиот пристап може да има погубен ефект – губење на помладиот кадар на универзитетите“, посочуваат од НАкС.

    За законот за научно-истражувачката дејност велат дека не предвидува константно и стратешко финансирање за кое однапред ќе се знае, а дополнително, финансирањето е дефинирано само за самостојните научни установи, но не и за научноистражувачките проекти. Синдикатот смета дека клучно е да се има Фонд за наука кој ќе работи независно од МОН со сериозен буџет, транспарентен процес и независна стручна евалуација.

    „Фондот би бил гаранција за активно и континуирано финансирање на научноистражувачката дејност. Во услови на обезбедени финансиски, технички и кадровски капацитети за наука, не би рекле дека критериумите за избор во звања на наставно-научниот и на научниот кадар се строги. Единственото што сега можеме да го констатираме е дека, во сегашните услови, тие се практично невозможни за примена“, велат од НАкС.

    Тие додаваат дека и директната улога на МОН во новата Агенција за квалитет е спротивна на европските критериуми за независност и не може да обезбеди стручна контрола на законските критериуми.

    Од НАкС бараат да се продолжи дискусијата во однос на законските решенија, бидејќи како што велат, решенијата во оваа форма нема да го зголемат квалитетот во високото образование и науката.

    „Напротив, тоа ќе создаде невозможни услови за реализација на високообразовната дејност, невозможни услови за напредување на младите научници и ќе предизвика сериозен упад на политиката во универзитетската автономија“, се вели во соопштението.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шпанецот Мунуера на “центарот“ во Истанбул!

    Кина со нови ограничувања за ретките минерали, Трамп вели потегот е непријателски

    Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.