Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет
    Македонија

    Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет

    07/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно како народ ќе сватиме без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања едноставно треба да бидеме заедно“, изјави премиерот Мицкоски.

    Изрази жалење, што, како што кажа, претходната Влада на еден таков начин „влезе во оваа авантура и го заглави евроинтегративниот процес на државата“.Апелираше до опозицијата да ги напушти тезите што ги пласира во јавноста во однос на евроинтеграциите и да застане во одбрана на македонските национални интереси.

    „Жалам што ја прифати капитулацијата или ултиматумот тогаш од страна на нашиот источен сосед, наместо да не послуша и тогаш. Но, еве повторно апелирам до опозицијата, подадена е раката, исправена е раката да ги напуштат тие нивни тези кои ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси. Ова е таков ден“, рече премиерот Мицкоски.

    Бугарија пред неколку дена не го прифати Предлог – Акцискиот план за малцинствата бидејќи, како што беше соопштено, бил напишан на македонски јазик. Акцискиот план за унапредување на правата на малцинствата, кој е во работна верзија, е изработен во согласност со став 35 од преговарачката рамка за земјава, усвоена од Советот на Европската Унија на 18 јули 2022 година.

    Поврзани вести

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт за пијано со Мимоза Ќека

    (Фото) Софија Вергара предизвика лавина коментари на интернет: луѓето не можат да престанат да се смеат

    Таксата за виза H-1B на Трамп предизвика конфузија и хаос помеѓу компаниите и странските работници

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.