Автор: Редакција

„Долго е во партијата и бил заедно со сите вас, со сите нас и во најтешките моменти на партијата, и сега кога би рекол се најсветлите моменти на партијата, и кога партијата ги доживува најголемите успеси, и затоа мислам дека вашата општина, Маврово Ростуше, треба да е дел од овој победнички тим којшто го има ВМРО-ДПМНЕ“, истакнал Николоски.Тој ја нагласил историската победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, која што ќе значи и силен инвестициски циклус, а приклучокот којшто се гради ќе го поврзе регионот со автопатот на коридор 8, овозможувајќи директен излез до Охрид-Кичево за 20-тина минути, додека пак, како…

Read More

„Јас мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин како политички фактори ќе можеме да се обединиме, барем сите оние парламентарни партии и коалиции што имаат формирано пратеничка група во рамките на Собранието“, рече Мицкоски.Коментирајќи го одбивањето на присуството на средбата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и обвинувањата дека се бара алиби за предвремени избори, премиерот рече дека граѓаните на неодамна завршените избори јасно кажале каде е поддршката, а пред нешто повеќе од една година јасно се изјасниле која политичка опција ја поддржуваат.„За нас, оваа тема е апсолвирана и нашиот фокус останува исклучиво…

Read More

Во првата недела од 2026 година во земјава се регистрирани 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје. Со ова, за првпат сезонава е евидентирана средна активност на грипот на национално ниво. Најмногу заболени има во Скопје, Тетово, Куманово и Велес, а највисока инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години. Лабораториските анализи покажуваат дека доминира вирусот Influenza A(H3). Досега не се регистрирани починати лица од грип. Од ИЈЗ предупредуваат дека во наредниот период се очекува дополнителен раст на…

Read More

Последните подготовки се во тек, 24-те учесници на Европското првенство во ракомет ги имаат своите последни тест натпревари пред почетокот на турнирот кој од 15 јануари до 1. феверуари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.ЕХФ го направи ранкингот, кој го прави на основа на резултатите, номинациите и очекувањата.И Европската куќа на ракометот потврди дека Македонија ја чека пеколно тешка задача, две репрезентации од групата се наоѓаа во Топ 10. Данска е прв фаворит за освојување на тронот, додека пак Португалија се најде на шестото место. 

Read More

Речиси една година откако почнаа да се забавуваат, Ченинг Тејтум (45) и австралискиот модел Инка Вилијамс (26) изгледаа позаљубени од кога било – беа видени како се смеат, флертуваат и прскаат во океанот. Во еден момент, Тејтум дури и ја крена Вилијамс во воздух, а потоа ја повлече во нежна прегратка. Во друг сладок момент, двојката беше фотографирана како се бакнува на самиот раб на водата, навидум несвесна за никого околу нив, објави Пејџ Сикс. Channing Tatum, 45, and his girlfriend, Australian model Inka Williams, 26, rang in 2026 with a PDA filled beach date in Costa Rica. 😏🌊 📸:…

Read More

САД, под водство на претседателот Доналд Трамп, се повлекоа од 66 меѓународни организации, меѓу кои и бројни тела на Обединетите нации што работат на борбата против глобалното затоплување. Меѓу нив е и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), договорот што ги поставува темелите на глобалните напори за справување со глобалното затоплување, објави Би-би-си. Од Белата куќа соопштија дека одлуката е донесена бидејќи овие организации „повеќе не им служат на американските интереси“ и промовираат „неефикасни или непријателски агенди“. Во соопштението се наведува дека повлекувањето ќе стави крај на финансирањето и учеството на САД во тела кои, според администрацијата, „ги…

Read More

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се…

Read More

Бројките говорат дека Лео Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Се разбира дека има и такви кои сметаат дека Кристијано Роналдо, Марадона, Пеле ја заслужуваа таа титула, но јасно е дека еден е Лео.Деновиве Лео го даде едно од неговите најискрени интервјуа, за аргентинската „Лузу ТВ“. Мега – ѕвездата во него кажува за својот живот што досега го нема кажано. Тој отворено зборува за својата опсесија со редот, тешкотиите во кариерата, односот со сопругата Антонела и децата, како и за своите идни планови, кои не вклучуваат тренерска кариера. „Знам дека сум малку почуден од повеќето луѓе во некои аспекти……

Read More

Новогодишните прослави честопати носат незаборавни моменти, но можат да остават и трага на нашиот изглед, особено во пределот околу очите. Ако се разбудивте со уморни очи и темни кругови по забава, не грижете се, бидејќи имаме неколку ефикасни совети кои ќе ви помогнат да ја вратите свежината и сјајот на вашето лице. Темните кругови се однесуваат на темни или подуени кругови под очите, кои често се предизвикани од проширени крвни садови, губење на волуменот на кожата или акумулација на течности во пределот околу очите. Исто така, заморот и недостатокот на сон сигурно влијаат на појавата на темните кругови, но постојат…

Read More

Во божиќното интервју за ТВ Алфа, Мицкоски изрази очекување дека сите лидери на парламентарните коалиции ќе ја прифатат поканата, посочувајќи дека дневниот ред може да биде дополнет и проширен по предлог на учесниците.Премиерот нагласи дека за прашањата од суштинско значење за државата е неопходен поширок политички договор, особено во контекст на европската интеграција.„Да разговараме за правобранителот и за сите други теми. Да покажеме политичка зрелост кога пред нас стои целта – членство во Европската Унија. За законите веќе има позитивни мислења и од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија, па нема причина да не седнеме и отворено да…

Read More