Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    09/10/2026

    (Фото/Видео) Добро погледнете ги вашите стари плакари: Џиџи Хадид оживеа еден заборавен тренд од 2000-тите

    09/10/2026

    Од понеделник почнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Пожар во индустриски комплекс во Чешка под истрага за можен тероризам
    Свет

    Пожар во индустриски комплекс во Чешка под истрага за можен тероризам

    21/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Чешките власти водат истрага за пожарот што избувна во текот на ноќта во индустрискиот комплекс во Пардубице, како можен намерен напад, откако медиуми објавија дека група која протестира против израелско оружје презела одговорност за инцидентот, јавува Ројтерс.

    Пожарникарите соопштиле дека интервенирале во магацинска хала во комплексот во Пардубице, кој се наоѓа на околу 120 километри источно од Прага. Пожарот се проширил и на друга зграда, но нема повредени лица.

    Чешкиот портал Aktualne.cz објави дека групата тврдела дека го запалила „клучниот производствен центар“ за израелско оружје во Пардубице со цел да се стави крај на неговата улога во „геноцидот во Газа“.

    Чешката одбранбена компанија ЛПП Холдинг, која има објект во комплексот, потврди дека пожар избувнал во еден од нејзините капацитети, но соопшти дека плановите најавени во 2023 година за соработка со израелската компанија „Елбит системс“ за производство на дронови никогаш не биле реализирани.

    „Ниту еден Израелски дрон не бил произведен во нашите објекти“, соопшти ЛПП.

    По пожарот, полицијата првично информираше дека истражува дали станува збор за намерен инцидент и дека ги проверува јавните тврдења за „конкретна група“, без да ја именува.

    Подоцна, властите соопштија дека истражителите, во координација со безбедносните служби, го разгледуваат случајот според одредби од Кривичниот законик кои се однесуваат на тероризам.

    „Врз основа на она што го знаеме до сега, најверојатно инцидентот е поврзан со терористички напад“, изјави министерот за внатрешни работи на Република Чешка, Лубомир Метнар.

    Чешкиот премиер Андреј Бабиш најави дека ќе свика седница на Советот за национална безбедност поради инцидентот.

    Извор: Ројтерс

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    09/10/2026

    (Фото/Видео) Добро погледнете ги вашите стари плакари: Џиџи Хадид оживеа еден заборавен тренд од 2000-тите

    09/10/2026

    Од понеделник почнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

    09/10/2026

    Скопјани почнаа да дишат загаден воздух и пред почетокот на грејната сезона

    09/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Ја критикуваа дека изгледа „евтино“, а таа им возврати: Сега сите молчат

    Хенигман: Нашата одбрана не можеше да се собере, а Миклер имаше страшен ден!

    Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани го предизвика Доналд Трамп во победничкиот говор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.