Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»(Видео) Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во – „Дента кога наполнив 45“
    Забава

    (Видео) Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во – „Дента кога наполнив 45“

    23/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандански на 9-ти мај годинава, македонската група Нокаут има нова песна. Во неа како специјален гостин се појавува нивниот стар пријател Дарко Гелев Брејк, со кого Пере оддамна соработува.

    Овој пат вокалната дружба на двајцата музички пријатели се огледа во една полнокрвна фанки тема и интересна приказна која во себе је крие кризата на средните години и вечната дилема со илјада прашања што го мачат сиот машки свет, насловена, „Дента кога наполнив 45“.

    Логична сторија за она со што се судира секоја зрела личност во доба кога има доволно години за да ги брои сопствените успеси, но и да се судри со личните предрасуди за да процени кои му се вистинските пријатели, а кои во животот само случајни минувачи.

    „Кои ти потпишале, па те отпишале, кои те пропуштиле, па те уништиле, кои ти верувале, па после претерувале“… како што велат стиховите во самиот рефрен потенцирајќи го најважното прашање за милион долари: „А ти, каде си?“

    Музички модерно спакувано фанки со заразен танцов ритам и певлив рефрен, свирачки совршено изведено, продукциски до максимум испеглано, со шмек на 80-те и 90-ите, но со саунд визура која е прилично препознатлива за стилот кој Пере и бендот од прв ден го негуваат.

    Кога звучната слика ќе се фузира со универзалната приказна што ја носат стиховите, еве ви гаранција за уште еден хит на Нокаут на огромна радост на фановите.

    На музичката торта за „Дента кога наполнив 45“ како јаготка на шлагот доаѓа видеоспотот во кој освен прилично убедливиот актерски талент на Пере и Брејк сиот свој потенцијал го покажува и женскиот дел на екипата. Неа и овој пат ја сочинуваат атрактивни убавици, манекенки и модели кои со своите раскошни телесни убавини совршено се вклопуваат во музичко-филмската приказна за „кризата на средните години“ што го мачи сиот машки свет во неговиот животен век, за која пеат Пере и Брејк во – „Дента кога наполнив 45“.

    Автор на музиката е Никола Перевски Пере, стиховите ги напишал Игор Џамбазов, додека аранжманот го направиле Никола Перевски и Дарко Димитров.

    Песната е снимена и миксана во студиото НК продукција – Скопје, а финалниот микс, пост продукцијата и мастеринг ги направил Дарко Димитров во студио „Димитрови“ – Скопје.

    Извршен продуцент на видеото е Васко Павлевски, а видеоспотот во продукција на „Fresh Union DOOEL – Film, Music and Booking Agency“ го режирал Огнен Шапковски.

    Поврзани вести

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ЗНАМ на работни средба со членството од Струмица

    (Видео) „Дознав дека сум бремена на 44 години – и доживеав нервен слом“

    Идентификувани уште 16 од загинатите во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и тинејџери од 14 години

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.