Автор: Редакција
Во 2026 година, акцентот е ставен на комбинирање на потопли нијанси, природни материјали и суптилни бои кои му даваат на просторот длабочина, но и чувство на удобност. Со години, при уредувањето на домот, белите ѕидови, белите кујни и белите дневни соби беа синоним за добар вкус, минимализам и „безбедна“ естетика. Белата беше неутрална, безвременска и, барем така изгледаше, секогаш релевантна. Сепак, во 2026 година, дизајнерите на ентериери велат сè погласно и појасно: ерата на целосно бели простори е завршена. И не како минлив тренд, туку како свесна промена во начинот на кој сакаме да живееме во нашите домови денес. Она…
По најавите за лидерска од ЛДП посочуваат дека истата има смисла, но не ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања кои директно го засегаат животот и стандардот на граѓаните, сепак единствена жена лидер не доби покана да седне на масата на лидерската средба.„Иако Зајкова е дел од Парламентот и е единствената жена-лидер на партија во Македонија, организаторите на лидерската средба одлучија да поканат само претставници на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието. Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување…
Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на владиниот коалициски партнер Вреди, со која се предлага дијаспората да добие повеќе права и можности за гласање на некои од наредните избори, Мицкоски истакна дека пред сè треба да се дефинира дали државата ќе има една изборна единица.„Пред да дојдеме до начинот на гласање на дијаспората, потребно е да дефинираме две работи. Прво, дали ќе имаме една изборна единица, бидејќи тогаш сите гласови би се слевале во еден базен, без разлика дали се гласови на резидентното население или на дијаспората“, рече Мицкоски.Втората работа, според него, е фактот дека постојат држави кои не дозволуваат…
Стејт департментот ја паузира обработката на имигрантски визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе станат јавен товар, пренесува Фокс Њуз. Меморандум на Стејт департментот им наложува на конзуларните службеници да одбијат визи според постојниот закон додека одделот ги преиспитува процедурите за проверка и скрининг. Земјите вклучуваат Сомалија, Русија, Авганистан, Бразил, Иран, Ирак, Египет, Нигерија, Тајланд и Македонија. Паузата ќе започне на 21 јануари и ќе продолжи на неодредено време додека одделот не спроведе преиспитување на обработката на имигрантски визи. Сомалија привлече зголемен надзор од федералните службеници по скандалот со…
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба кажа дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да се укине. На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче не присуствуваше. Причината за непојавувањето Филипче наведе дека „Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата“. Мицкоски рече дека го прифаќаат барањето на СДСМ техничка влада да има за следните парламентарни избори,…
Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена.Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно распродадени.На 17 јануари, публиката ќе има можност да избере: драмската претстава „Бели ноќи“ на малата сцена, со почеток во 20 часот и стендап-настапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, кој ќе се одржи на големата сцена со почеток во 20:30…
Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ ќе се изведе на 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет.На 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер.Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и…
Чаби Алонсо отпуштен од тренерската позиција во Реал Мадрид. На негово место дојде Алваро Арбелоа, поранешен клупски играч и поранешен тренер на младинските и резервните тимови на Реал. Договорот на Арбелоа важи и по оваа сезона, но ова е првиот сениорски тим што го води во неговата кариера. Затоа според многумина тој ќе биде само привремено решение и дека Реал ќе ангажира искусен и трофеен тренер на лето.Јирген Клоп (58) ги исполнува споменатите критериуми и е голема желба на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Пред година и пол, Клоп го напушти не само Ливерпул, туку и тренерската работа со образложение…
Од СДСМ денеска преку соопштение реагираа на лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека сите партии што ќе учествуваат на разговорите стануваат „соучесници“ во легитимирање на криминал и корупција. „Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката влада стануваат соучесници во легитимирањето на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, во анти-ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори без основни услови за тие да бидат фер и демократски“, се наведува во соопштението од СДСМ. „Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може подоцна да тврди дека…
Трговијата на Кина достигна „нов историски максимум“ во 2025 година, а Пекинг планира „повеќе да се отвори“ во 2026 година, додека царините воведени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ги принудија производителите да ги насочат своите производи кон алтернативни пазари, пренесува Дојче Веле. Кина забележа силен раст на извозот во 2025 година со рекорден трговски суфицит од 1,2 трилиони долари, откако производителите се пренасочија кон алтернативни пазари, надвор од САД поради царините на Трамп. Податоците од царината покажуваат дека глобалниот суфицит на Пекинг пораснал за 20 отсто во однос на претходната година, кога изнесувал 992 милијарди долари. Извозот во 2025…
