Автор: Редакција
Иницијативата „Сите за Палестина“ утре, со почеток од 12 часот ќе организира протестен марш чија цел е изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе започне пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, ќе продолжи по централното градско подрачје и ќе заврши пред зградата на Владата. Како што информираат од иницијативата „Сите за Палестина“ настанот е дел од глобалното движење на солидарност со Палестина, кое сега го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа, како и кон праведна реконструкција под водство на палестинскиот…
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, одбојкарите на Штип УГД, денеска ќе имаат сериозна контрола во очекување на почетокот на новата сезона и премиерните настапи на клубот на европската сцена.Штипјани попладнево во Солун ќе одиграат силен пконтролен натпревар против еден од најдобрите грчки состави, екипата на ПАОК, чиј предводник веќе неколку сезони е актуелниот селектор на на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски. Ова ќе биде одлична можност нашиот евро-претставник да ја провери моменталната форма на екипата против еден навистина квалитетен противник.Ова ќе биде и тест за моменталните квалитети на ПАОК кој и во новата сезона влегува со сериозни амбиции да нападне…
Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови. View this post on Instagram A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата. Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн…
Франција и Велика Британија, во координација со САД, работат на финализирање на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во наредните денови, која би ги поставила темелите за идните меѓународни сили во Газа, соопшти вчера претставник на Франција. Со несигурното примирје меѓу Израел и Хамас, посредувано од САД, започнато е планирање за меѓународни сили за стабилизирање на безбедноста во палестинската енклава, изјавија во среда двајца високи американски советници. Во разговор со новинарите во Париз, портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Паскал Конфавро, рече дека на таквата сила ѝ е потребен мандат од ОН за да обезбеди силна основа во…
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва завршен централен митинг ќе имаат во Охрид, а СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово. За денеска најавена е и прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, пак, ќе ја претстави својата програма на завршен митинг во Куманово. Кандидатот за градоначалник на Град…
Мицкоски нагласи дека додека е тој претседател на Владата нема да се случат уставните измени, без јасна испорака и обврски и од страна на Бугарија, како и конкретни гаранции од Европската Унија.„Никој нема право, ниту пак е фер да очекува дека оваа Влада безусловно ќе го направи тоа, ниту има намера оваа Влада тоа да го направи, додека сум јас претседател на Владата. Тоа треба да е јасно, јас тоа сум го кажал многупати. Ние бараме доследно почитување на меѓународното право, а таму има обврски и нашиот источен сосед. И исто така бараме гаранции и ако навистина ЕУ сака Македонија…
Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025“, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI).Со своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека оваа конференција не претставува само промоција на видеоигри, туку е симбол на креативноста, младинската енергија и новата културно-економска реалност за Македонија.„Дали знаете што имаат заедничко една добра видеоигра и една успешна културна политика?“-праша министерот во своето обраќање. Двете почнуваат со идеја, момент на инспирација, што, ако е поддржан на вистински начин, може да прерасне во нешто големо. Некогаш дури и…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство.За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во нив.Според претседателката, името на фестивалот го отсликува и наликува на профилот и сензибилитетот на извонредниот, прерано починат Маџиров, чии незаборавни улоги од него направија театарска легенда.Акцентирајќи ја не само естетската туку и педагошката мисија…
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина.Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври.Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во регионот, познат по специфичниот пристап кон продукцијата, селекцијата и наградувањето на претставите и поединците.Селектор на годинашното издание е култниот и харизматичен актер и режисер, Ирфан Менсур.Летово, претставата „Народен пратеник“ доби Специјална Стериина награда за колективна актерска игра во…
„Сцена за сечиј сон“ – отворен 4. интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје.Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, кон нивните светови, нивните дилеми, нивните надежи. Претставите што ќе бидат изведени не ги раскажуваат младите, но се за нив, за тоа како растат, се менуваат, се борат и сонуваат.На свеченото отворање, свое обраќање имаше министерот за култура и туризам, Зоран…
