Автор: Редакција
Директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски, реагира на јавните изјави на првата обоистка Татијана Петрушевска, поврзани со дисциплинската постапка што се води против неа, оценувајќи ги како „невистинити и паушални“ и предупредувајќи дека со таквите тврдења ѝ се нанесува штета на институцијата и се создава искривена слика во јавноста.„Во оваа фаза нема да изнесувам факти, бидејќи постапката е во тек, но постојат изјави од вработени и од диригентот на претставата, врз основа на кои е донесен предлогот за поведување дисциплинска постапка и решение за суспензија, согласно Законот за култура“, наведува Арсовски.Тој додава дека не е точно оти досега…
Белата куќа објави слика на жена уапсена од американските власти, но експерти велат дека таа е изменета со користење вештачка интелигенција, пренесува Би-Би-Си Њуз. Изменетата слика, е објавена од Белата куќа, 30 минути подоцна откако оригиналната беше споделена од државната секретарка за безбедност Кристи Ноем. Сликата е променета да изгледа дека жената на неа плаче. Во оригиналната фотографија, која ја објави Ноем, лицето на жената е опуштено и без солзи. Сликата, објавена на платформата Икс, собра речиси пет милиони прегледи, но експерти за дигитална форензика потврдиле дека е уредена со алатки за вештачка интелигенција, што значително ја менува нејзината реална…
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената. Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во современата регионална музика. Неговото творештво се темели на стабилен авторски израз, прецизна вокална интерпретација и репертоар која успеа да ја задржи својата релевантност низ времето. Токму таа доследност го позиционираше како уметник со публика што…
По 18 години присуство на македонската музичка сцена, исполнети со песни што го надминаа времето, а и трендовите, Некст Тајм на 27 ноември ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова е концерт за сите „некогаш“ и сите „сега“. За сите што пораснаа со нивната музика, но и за оние што допрва ја откриваат. Вечер во која македнската музика добива простор, глас и сцена каква што заслужува. На 27 ноември, арената „Борис Трајковски“, ќе стане простор каде што ќе се пеат песни што одамна ги знаеме наизуст, но и ќе се почувствува силата на едно музичко име…
По 22 години континуирано присуство на домашната и регионалната сцена, ансамблот „Парусион“ повторно се враќа во Младинскиот културен центар со концерт што го надминува поимот жанр. На 28 јануари, МКЦ ќе биде простор за авторско фјужн доживување, каде што музиката не се репродуцира, туку се создава во моментот – низ ритам, колектив и продукција во живо.Во актуелниот состав, „Парусион“ функционира како цврст, но отворен музички организам. Михаил Парушев на тапани и тапан го води ритамот како централна тема, додека околу него се испреплетуваат труба на Трајче Велков, кларинет и саксофон на Петар Колевски, гитара на Зоран Костадиновски, пијано на Јован…
Видео од поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ како скока во леденото море на Антарктикот веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи. Нејзиниот „поларен скок“ стана главна тема на разговор, а многумина се сомневаа дека станува збор за видео создадено со помош на вештачка интелигенција. Поранешната претседателка не е единствената позната личност што го истражува најстудениот континент овие денови. Имено, Антарктикот стана неочекувано популарна дестинација меѓу светските ѕвезди. Во исто време додека Грабар-Китаровиќ престојува таму, истиот дел од светот го избраа и холивудскиот пар Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс, како и актерката Никол Кидман, за нивен семеен одмор. Луксуз што малкумина…
Македонските прволигаши кои се подготвуваат како во Труција, така и во Грција денеска продолжуваат со своите активности.Вчера тимот на Брера, кој што се наоѓа во Грција, го одигра својот пријателски дуел против тимот на Ксанти, а веќе денеска струмичани продолжуваат активно да се подготвуваат во идеалните услови кои што ги имаат на морското приморје.Во исто време, тимот на Силекс кој што пак е во Анталија, Турција, како и тимот на Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, има закажно пријателски меч против тимот на Словачко.Сепак, временските услови во овој дел во моментов се многу лоши, дождот и силниот ветар одложуваат многу мечеви, па…
Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ ги соопшти добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, која традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, и на неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.Добитници за 2026 година се Зорица Митровиќ од Белград (Србија) и Петре Димовски од Битола (Македонија).На Зорица Митровиќ наградата и се доделува за личниот придонес и животното дело во афирмацијата на македонската култура и идентитет во дијаспората.Поточно, наградата „Гоцева мисла“ ѝ се доделува на Зорица Митровиќ за нејзиниот исклучителен личен придонес…
Во конкуренција од 17 пристигнати беседи вчера Комисијата за спроведување на конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“ едногласно одлучи наградата за најдобра беседа за 2026 година да ја додели на беседата под шифра „Тивериопол“, соопштија од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, установата покренувач и организатор на Конкурсот кој се организира по четврти пат.Од Библиотеката очекуваат за брзо да го дознааат и името на добитникот со соодветна потврда на идентитетот и напишаната беседа.„По песната птиците се разликуваат“ е една од мислите кои Прличев често ја употребувал…
ТикТок склучи договор што ќе ѝ овозможи на многу популарната апликација за кратки видеа да продолжи да работи во САД, објави компанијата во четврток. Договорот доаѓа по долгогодишна борба меѓу Вашингтон и Пекинг што започна во првиот мандат на Трамп во Белата куќа, кога тој неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата поради загриженост за националната безбедност. Платформата требаше да биде забранета во САД во јануари 2025 година ако нејзиниот кинески сопственик, ByteDance, не успее да ги продаде своите американски операции на американски инвеститори. Но, американскиот претседател Доналд Трамп постојано го одложуваше спроведувањето на законодавството за отстранување на апликацијата. Главен извор…
