Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Муцунски во Брисел на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО
    Политика

    Муцунски во Брисел на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО

    03/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Сојузниците во НАТО покажаа дека се подготвени, желни и способни да работат заедно за да се осигураат дека можеме ефикасно да се справиме со предизвиците, одржувајќи ги нашите една милијарда луѓе безбедни денес и во иднина“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на вчерашната прес-конференција во пресрет на денешниот министерски состанок.

    Тој потсети дека на Самитот во Хаг, земјите членки на НАТО се обврзаа вложувањата во одбраната да бидат на ниво од пет отсто од националниот БДП, со цел на вооружените сили да им да обезбедат сè она што им е потребно за да гарантираат заштита на сојузниците – од авиони, тенкови и бродови, преку беспилотни летала, па се до кибер и вселенски капацитети.

    „Таа посветеност да инвестираме повеќе во нашата безбедност беше голем скок во услови на променета реалност. И оттогаш, постигнавме значаен напредок. Секоја недела гледам нови најави од сојузниците кои работат на зголемување на нивните капацитети. Но, ова е само почеток на еден долг пат и не можеме да бидеме самозадоволни. Мора да изградиме моментум и да се држиме едни до други одговорни додека работиме на безбедноста на нашите една милијарда граѓани“, истакна Руте.

    Тој потенцира дека паралелно со инвестициите во одбраната потребно е и зголемување на производствените капацитет на одбранбената индустрија, со цел да се произведе сѐ она што му е потребно на НАТО за зајакнување на безбедноста и просперитетот, а во исто време и да се создаваат нови работни места од двете страни на Атлантикот.

    Руте информира дека во рамки на министерскиот состанок ќе се одржи и заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

    „Сите признаваме дека нашата безбедност е длабоко поврзана и сите работиме на тоа војната во Украина да заврши со праведен и траен мир. Ги поздравуваме тековните напори предводени од САД за остварување на овие заложби и уверен сум дека овие одржливи напори на крајот ќе го вратат мирот во Европа“, рече Руте.

    Сепак, според него, додека се работи за постигнување мир, не смее да се изгубат од вид сè побруталните руски напади врз Украина.

    „Русија систематски ја таргетира цивилната инфраструктура, лишувајќи ги Украинците од топлина и светлина на почетокот на зимата. Русија не е сама во оваа војна, бидејќи Кина продолжува да биде нејзин клучен овозможувач, а Иран и Северна Кореја исто така ѝ даваат поддршка“, истакна првиот човек на НАТО.

    Руте посочи дека уште од првите денови на руската инвазија членките на НАТО покажаа непоколеблива посветеност на поддршката на Украина и само во последните месеци, европските сојузници и Канада инвестираа милијарди долари за набавка на американска опрема за потребите на украинските вооружени сили.

    „Оваа поддршка е важен дел од нашите тековни напори да се осигураме дека Украина го има она што ѝ е потребно за да се одбрани денес и да спречи идна агресија. Но, сепак, има уште многу што мора да направиме. Очекувам сојузниците да објават нови придонеси во наредните денови. Значи, јасно е дека имаме предизвикувачка агенда пред нас“, изјави Руте на прес-конференцијата во пресрет на министерскиот состанок.

    Инаку, на состанокот нема да присуствува американскиот државен секретар Марко Рубио, туку САД ќе ги претставува неговиот заменик Крис Ландау. На прашање за коментар за отсуството на Рубио, Руте изјави дека американскиот државен секретар е ангажиран околу „завршување на војната во Украина“ и тој е во постојан контакт со него.

    „Тој работи исклучително напорно. Мора да се грижи не само за ситуацијата во Украина, туку секако и за многу други прашања што се негова задача. Значи, целосно го прифаќам тоа што нема да може да биде тука утре и не гледам никаква порака во тоа“, рече Руте.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари

    Вардар домаќин на Башкими, Талески јасен: Сакаме „три од три“!

    СДСМ го обвинува Трипуновски за „корупција и скандали“, тој вели дека е „нелигитимна“ интерпелацијата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.