Автор: Редакција
Круз Бекам, 20-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам, ги освојува насловните страници со своите објави на социјалните мрежи. Во четвртокот, 22 јануари, тој сподели приказни на својот Инстаграм профил за песната на неговата мајка „I’m Not Such an Innocent Girl“, само неколку дена откако неговиот постар брат Бруклин упати сериозни обвинувања против нивните родители. Во првата објава, Круз е виден како држи лименка од популарниот бразилски пијалок Гуарана Антарктик. Иако самиот пијалок не беше во фокусот, изборот на музика за поставување – песната на неговата 51-годишна мајка Викторија од 2001 година „I’m Not Such an Innocent Girl“ – го…
Македонскиот есенски шампион, тимот на Вардар денеска го има закажано третиот пријателски дуел на подоготквите во Анталија, против полскиот тим на Мотор Лубин.Избраниците на тренерот Гоце Седлоски досега догираа два дуела, против Јаблонец односно Андијон, а сега на „менито“ е и Мотор.Сепак, временските услови во Анталија, поточно во местото Сиде во моментов се многу лоши односно врнежите и силниот ветер во последните 24 часа се интензивираа до тој степен, да голем дел од мечевите кои што беа закажани се одложија во рекот на вчерашниот ден.
Без разлика дали се отворени или затворени, завесите треба да функционираат како клучен елемент на дизајнот во секоја просторија. Завесите го врамуваат погледот на светот и инстинктивно ги привлекуваат нашите очи кон прозорците и природната светлина. Овогодишните трендови за уредување на домот ја слават токму таквата улога на завесите, поставувајќи ги во центарот на просторот, наместо да ги третираат како исклучиво функционален додаток. Природни мотиви Декорациите на прозорците со шари додаваат карактер на просторот, но оваа година акцентот е ставен на суптилни цветни мотиви. „Декорирањето со цветни мотиви е особено убав начин да се додаде мекост и движење во просторот“,…
Американската музичка и филмска ѕвезда Лејди Гага, преку нејзината фондација „Born This Way“, донираше по 100.000 долари на две невладини организации од Варшава кои се занимаваат со заштита на менталното здравје на децата и младите. Средствата беа доделени на фондациите „GrowSPACE“ и „Warsaw House“ како дел од „Community Kindness Fund“, од кои вкупно пет милиони долари беа доделени за поддршка на организации кои им помагаат на младите луѓе низ целиот свет, објавува PAP: Грантовите беа распределени меѓу 55 организации од 11 земји, од кои секоја доби по 100.000 долари за спроведување на нивните програми. Фондацијата „GrowSPACE“, основана во 2020 година,…
Доналд Трамп вчера ја повлече поканата за Канада да се приклучи на неговата иницијатива Одбор за мир насочена кон решавање на глобалните конфликти. „Ве молам, дозволете ова писмо да послужи како претстава дека Одборот за мир ја повлекува својата покана до вас во врска со приклучувањето на Канада кон, она што ќе биде, најпрестижниот Одбор на лидери некогаш собран, во кое било време“, напиша Трамп во објава на Truth Social упатена до канадскиот премиер, Марк Карни. Трамп ја започна својата иницијатива Одбор за мир на Светскиот економски форум во Давос, тврдејќи дека тоа ќе биде едно од најзначајните тела некогаш…
На состанокот на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите од земјите на Западен Балкан, Муцунски, како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање во кое се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.На маргините на состанокот Муцунски се очекува да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.Балканската платформа…
Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот директор Оливер Арсовски, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ).Од СКРМ информираат дека ја добиле изјавата на Петрушевска, која повеќе од 30 години е вработена како оркестарски уметник – прва обоа во Македонска опера и балет, и суспензијата е изречена спротивно на законските процедури, без правна основа и со грубо кршење на работничките права.Во соопштението, СКРМ наведува дека документацијата и исказот на Петрушевска отвораат сериозни и алармантни прашања за начинот на кој директорот Арсовски раководи со институцијата, оценувајќи дека,…
Порачува дека САД секогаш ќе бидат покрај нас и дека ќе го споделуваат нашиот сон за посилен, попросперитетен, побезбеден, целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник.„Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на САД во оваа прекрасна земја. Бев, и сè уште сум, длабоко почестена од извонредната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата земја. Кога стапив на оваа улога, реков дека имам огромна верба во силата и храброста на народот на Северна Македонија. Оттогаш, таа верба е оправдана, обновена и зајакната одново и одново. Исто така, реков дека цврсто верувам дека сега е времето да се…
Американската амбасадорка во заминување, Анџела Агелер, објави отворено писмо до македонските граѓани пред да ѝ заврши мандатот, односно откако беше една од 30 амбасадори на САД кои ги отповика претседателот Доналд Трамп. Во писмото до граѓаните на Северна Македонија, Агелер вели дека „Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас“ (ALWAYS by your side). Таа набројува повеќе случувања за време на нејзиниот мандат вклучувајќи го одбележувањето на 30 години билатерални односи меѓу двете земји, изградабта на патиштата во рамки на Коридорот 8 и 10д, борбата со корупцијата, судските реформи и санкциите за криминалците. Во продолжение објавуваме превод на македонски јазик…
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, во 20 часот во Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“. Патничкото возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с.Арачиново. 19-годишната девојка се здобила со тешки телесни повреди, при што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. На местото на настанот, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР, а надлежните служби и понатаму работат на расчистување на причините за несреќата.
