Автор: Редакција
Илјадници досиеја доставени од информатор во Интерпол за прв пат го откриваат обемот на очигледната злоупотреба на меѓународната полициска агенција од страна на Русија за таргетирање на своите критичари во странство. Податоците доставени до Би-Би-Си Ворлд и францускиот истражувачки медиум Дисклоус, откриваат дека Русија ги користи бараните листи на Интерпол за да бара апсење на луѓе како што се политички противници, бизнисмени и новинари, тврдејќи дека сториле кривични дела. Анализата на податоците, исто така, сугерира дека во текот на изминатата деценија, независната единица за жалби на Интерпол примила повеќе жалби за Русија од која било друга земја – три пати повеќе…
Додека некои луѓе многу рано наоѓаат чувство на исполнетост и стабилност, на други им треба повеќе време, искуства и лични пресвртници за да го сторат тоа. Нивниот пат до среќата често е обележан со жртви, трпение и постепено созревање. Во астрологијата, одредени хороскопски знаци почесто се поврзуваат со подоцнежни успеси во животот и чувство на задоволство што доаѓа само по бројни лекции. Подолу, истакнуваме три хороскопски знаци кои најчесто се опишуваат како оние кои наоѓаат среќа само во зрелите години. Јарец Јарците носат силно чувство на одговорност и обврска уште од рана возраст. Тие често ја ставаат работата, целите и…
„Вчерашниот конгрес на некогаш моќниот СДСМ наликуваше најмалку на политички настан. Тоа беше изведба на една одамна напишана, слабо режирана и безброј пати репризирана претстава. Театар на апсурдот во кој сцената е полна, а смислата отсутна.Првиот чин започна со монологот на ‘главниот лик’. Наместо автентичен политички говор, добивме хибридна конструкција, склопена од алгоритам и носталгија. Комбинација од вештачка интелигенција и механички пресликан говор на Бранко Црвенковски од 8 октомври 2009 година, од Универзалната сала, кога одекна прочуеното ‘Или си СДСМ, или не си’. Денес, таа реплика беше изговорена како лошо синхронизиран ‘дубл’ без страст, без уверување, како дигитално ехо од…
Обилни врнежи од дожд и високи дневни температури не очекуваат во текот на следната недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Под влијание на циклонска активност во текот на ноќва и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во главниот град утре почнувајќи од утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен…
Инспекторите на Агенцијата за храна за една година направиле над 125.000 инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните во кои изрекле казни од над 600.000 евра. Како што информираат од АХВ, контролиран бил домашниот промет, производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Инспекторите проверувале имплементирање и одржување на процедурите на добра хигиенска и добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните. „Во 2025 година од…
СпортСпорт во Анталија, Огнен ДојчиновскиЕсенскиот ПМФЛ шампион, тимот на Вардар веќе речиси две недели како е во Сиде, Турција, каде што се подготвува за пролетниот дел од сезоната.„Црвено – црните“ имаат набиена агенда, тренинзите се секојдневни, и нема нешто што може да го промени ритамот. Можеби и помалку монотоно, но подготовките се такви. Тренинг, одмор, и со недели исти лица заедно. Но, во таборот на Вардар деновиве има едно ново. Аргентинецот Иан Пулеио, кој што тивко и без знаење на јавноста пристигна како новитет тука во Турција, и потпиша двегодишен договор.Десниот крилен напаѓач, пристигнува од Црна Гора каде што играше…
Големи протести се проширија низ американските градови во саботата – вклучувајќи ги Минеаполис, Њујорк, Сан Франциско, Бостон и Провиденс, Род Ајленд – откако 37-годишниот Алекс Прети, кој рабоотел како медицинска сестра во Минеаполис, беше застрелан од федерални агенти. Бранот демонстрации доаѓа само еден ден откако илјадници луѓе маршираа низ улиците на Минеаполис во знак на протест против Службата за имиграција и царина на САД (ICE). Демонстрантите повторно се спротивставија на екстремниот студ за да зборуваат против агенцијата и да покажат поддршка за Прети и другите кои беа оштетени од напливот на агенти за имиграција кои го преплавија градот во последната недела.…
Уште еден ден минат во Сиде, Турција како дел од подготовките на Вардар зимава, и уште еден добро одработен ден што се однесува до планот и динамиката на тренинзите.Сите се фокусирани и сконцентрирани на она што е најважно во моментов, а тоа е достигнување на потребната форма за добар продолжеток на тековната сезона.Првиот голман на Вардар Давор Талески како и целиот тим имаше одлична полусезона. Примени се само петнаесет гола на шеснаесет мечеви во просек помалку од еден по натпревар. Токму затоа и Вардар е таму каде што е, на врвот на табелата. „Да, добро е да се биде есенски…
На својот фејсбук-профил Петровска по завршување на конгресот напиша дека последниот изборен резултат претставува катастрофа што не може да се третира како изолиран случај, туку како логична последица на долгогодишното отсуство на отворена дебата и сериозна анализа на поразите на изборите во 2021 и 2024 година, како и на резултатот од парламентарните избори во 2020 година.Таа предупреди дека повторувањето на истите грешки може да има кобни последици за партијата, додавајќи дека иако социјалдемократијата како идеја останува жива, СДСМ без суштинска промена во начинот на функционирање ризикува постепено да биде турнат на маргините, па дури и целосно да исчезне од политичката…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 100 отсто царина на сите канадски увозни производи што влегуваат во САД доколку Канада го спроведе трговскиот договор со Кина, пренесува Политико. „Ако гувернерот Карни мисли дека ќе ја направи Канада „пристаниште за враќање“ за Кина да испраќа стоки и производи во САД, тој е во голема грешка“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, подбивно нарекувајќи го премиерот Марк Карни „Гувернер“, потсетувајќи на прекарот што го имаше за поранешниот премиер Џастин Трудо. „Кина ќе ја изеде Канада жива, целосно ќе ја проголта, вклучително и уништување на нивните бизниси, општественото ткиво и општиот…
