Автор: Редакција

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Во саботата беше донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.По завршување на законските рокови за доделување на договорот, ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните…

Read More

Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои ГРАН ПРИ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025.– Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран начин за различностите и прифаќањето, се наведеува во одлуката на професионалното жири во состав: Игор Третињак, театролог од Хрватска, Изабела Новотни, актерка при Театарот за деца и…

Read More

Делегација на Јавното обвинителство на РСМ, Советот на јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители во периодот од 13-17 остварија студиска посета на Лисабон, Португалија. Во рамките на посетата на португалското Државно јавно обвинителство и на Вишиот совет на јавни обвинители, тие се запознаа со правната рамка и начинот на функционирање на јавнообвинителските институции во оваа европска земја, особено од аспект на финансирањето и самостојноста на јавнообвинителскит систем, транспарентноста на постапките, оценувањето и надзорот над работењето на јавните обвинители. Учесниците на студиската посета се сретнаа и разменија искуства со Дејвид Александрино де Агилар, јавен обвинител во португалското државно…

Read More

Утринава беше привремено прекинато гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња. Од ДИК реагираа брзо и техничките грешки беа поправени. „Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот“, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање…

Read More

Додека претседателот Доналд Трамп размислува за воена акција во Венецуела, градејќи сили во Карибите и летајќи бомбардери Б-52 покрај брегот на земјата оваа недела, Николас Мадуро одговара на ист начин, преместувајќи трупи, мобилизирајќи „милиони“ милиции и осудувајќи ја американската активност во регионот – знак на пркос од силниот човек додека двајцата лидери се заглавени во застој, пренесува Си-Ен-Ен. Службениците на администрацијата на Трамп приватно признаа дека интензивираната кампања за притисок на САД има за цел соборување на Мадуро, цел што беше цел и на првиот мандат на Трамп кога Белата куќа го призна лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо за…

Read More

Поранешниот тренер на Ливерпул, Наполи, Интер, Реал Мадрид, Њукасл и Валенсија, Рафаел Бенитез, е блиску до преземање на грчкиот гигант Панатинаикос, објави локалното издание Sport24.gr.65-годишниот шпански специјалист моментално е во Атина, каде што преговара со раководството Двете страни ги разгледуваат последните детали од евентуалниот договор.На Бенитез му е понуден договор од две и пол години, со годишна плата од 5 милиони евра. Останува само да се разјаснат последните формалности и да се потпишат документите.Бенитез последен пат беше во Селта, која ја води од јули 2023 до март 2024 година.

Read More

На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници. Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.Најмногу кандидати има за градоначалник на главниот град Скопје, вкупно 16, од кои само една жена. Потоа следат Прилеп и Струга со по девет и Битола осум…

Read More

Тренерот на Барселона, Ханси Флик од новинарите беше запрашан за Ламине Јамал и неговото наводно доцнење на тренинг, што почна да се случува почесто, а едно такво доцнење беше забележано и пред дуелот со ПСЖ на почетокот на месецот.Се шпекулираше дека Флик потоа планирал да го отстрани Јамал од тимот, но дека спортскиот директор Деко интервенирал и го спречил неговото отстранување од тимот. Флик остро реагираше на овие шпекулации, негирајќи ги сите гласини.„Би сакал да знам од каде ја добивте таа гласина. Тоа е глупост. Не е вистина. Во овој клуб, со Деко и другите професионалци, имам вистински однос. Ја…

Read More

Во 1965 година, извештите на Стејт департментот биле тајни класифицирани документи, но сега веќе можат да се отворат во светските архиви, дури и онлајн. Така, тајниот извештај на американскиот Стејт департмент од 1965 година за границата меѓу Бугарија и Грција, може да се најде во Националниот архив на Австралија или на www.naa.gov.au.Тој извештај од 1965 година претставува своевидна опсежна студија, може да се каже дури и научна, за етничкиот состав, потеклото, миграциите и историските контексти на Балканот, во обид да се дефинира тогаш актуелната состојба на границата меѓу Бугарија и Грција, и односите меѓу овие две балкански земји, денес членки…

Read More

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со видео објавено на социјалните мрежи. Тој се сними во сауна сместена во природа, носејќи само долна облека и гледајќи кон пејзажот, а снимката за помалку од едно деноноќие собра над 140 илјади лајкови. Во коментарите се редеа пофалби: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Неверојатно дека има 44“. Дел од фановите забележаа и дека ја скратил косата.   View this post on Instagram   A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) Ибрахимовиќ неодамна го прослави 44. роденден и, според традицијата, си подари нов автомобил – Ferrari F80,…

Read More