Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел
    Македонија

    Николоски на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел

    04/12/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Николоски синоќа присуствуваше на настан организиран од Пријатели на Европа за учесниците на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“.

    „Во Брисел во организација на влијателната тинк тенк организација Пријатели на Европа дел од годинешниот настан кој е посветен на проширувањето на ЕУ. Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија“, објави вицепремиерот Николоски на својот профил на Фејсбук.

    На форумот, Николоски ќе има обраќање на првиот панел насловен „Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“, заедно со претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, албанскиот премиер Еди Рама, молдавската вицепремиерка Кристина Герасимов и поранешниот еврокомесар за проширување Стефан Филе.

    Во најавата за панелот се наведува дека Западниот Балкан долго време беше сметани за периферен проблем, но глобалната фрагментација и конкуренција го поставија во центарот на разговорите за иднината на европската безбедност.

    – Среде војната меѓу Русија и Украина, менувањето на американските приоритети и зголеменото регионално влијание од Кина и други земји, проширувањето на ЕУ доби нова итност и сложеност. Свртувањето на ЕУ кон „геополитичко проширување“, означува потенцијално поместување од технократско кон стратешко размислување. Стабилен, демократски и интегриран регион на Западен Балкан е од суштинско значење за безбедноста на ЕУ и нејзината отпорност кон надворешно влијание, се вели во најавата.

    Сепак, според организаторите, и покрај новата реалност клучни остануваат прашањата дали ЕУ може да ѝ даде предност на стабилноста, пред строгата условеност на пристапниот процес и дали Западниот Балкан може да ги надмине внатрешните предизвици за да го искористи сегашниот момент.

    Во тој контекст, нејасно е како ЕУ ја прилагодува својата политика за проширување во светлината на интензивираната геополитичка конкуренција и што значи тоа за местото на Западен Балкан во пошироката стратешка визија на Европа.

    Дополнително, тоа го покренува прашањето до кој степен надворешните актери, како Русија и Кина, влијаат на преобликување на политичката и економската динамика на регионот и какво влијание има тоа врз посветеноста на ЕУ кон пристапниот процес.

    Оттаму, остануваат отворени дилемите дали актуелните геополитички ризици и стратешката можност ќе послужат како катализатор за долгоочекуваниот напредок во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан или пак само ќе ја зајакнат инерцијата и ќе го зацврстат статусот кво, како и дали потреба за геополитичка стабилност ќе го забрза пристапниот процес или постојаните проблеми поврзани со владеењето на правото, демократското назадување и регионалните спорови ќе продолжат да го одложуваат напредокот.

    Покрај овој панел на собирот се предвидени и панелите „Отклучување на инвестициите: Поттикнување на растот, зголемување на отпорноста“ и „Реформа на правосудството: Спроведување на значајни промени“.

    Во најавата на форумот се посочува дека 2025-та претставува критична година за проширувањето на ЕУ, која во услови на геополитички превирања, како доаѓањето на новата Американска администрација, парламентарните избори и во Косово и во Албанија и тековните студентски протести во Србија, се соочува со предизвикот да ги преиспита своите граници, безбедност и стратегија за добрососедство.

    „Што значи брзо менувачката геополитичка ситуација за пристапувањето на Балканот? Како може да се поттикне економијата на регионот со создавање поволни услови за инвестиции? Дали транспарентноста, отчетноста и реформите на правосудниот систем ќе се справат со предизвикот?“, се додава во најавата.

    „Самитите ЕУ-Западен Балкан“ на „Пријатели на Европа“ се годишни собири на кои владини претставници, експерти, бизнисмени и граѓански активисти дебатираат за прашања поврзани со актуелни настани во Европа и регионот.

    Утре, пак, Николоски ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.

    Според најавата, Николоски на Министерскиот совет ќе говори за транспортните политики на земјава, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8, 10 и 10-д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.

    На состанокот, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и транспорт Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат министри за транспорт и владини претставници од Албанија, Бугарија, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија, Црна Гора и од други европски земји.

    Покрај ова, за време на престојот во Брисел предвидено е Николоски да има и повеќе средби со претставници на Европската Комисија.

    Поврзани вести

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вујо со порака: Вардар е најголемиот клуб која го дала Македонија (ВИДЕО)

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    МНТ ја доби главната награда Гран При за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.