Автор: Редакција

На два часа до затворањето на избирачките места, на гласање на локалните избори излегле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список. Според информациите од Државната изборна комисија, до 17 часот добиле податоци од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи. Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84 отсто, Дојран 60,91, Крушево 60,94 и Лозово 61,09 отсто. Најмала е излезноста во општината Врапчиште каде што гласале само  20,94 отсто од запишаните изборачи. Државната изборна комисија информира дека избирачките одбори треба да им овозможат на новинарите непречено да известуваат за процесот на гласање и да не…

Read More

„Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори“, рече Тошковски. Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење. Во врска со изборниот молк, Тошковски посочи дека вчера биле евидентирани четири настани со потенцијални прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија. „Очекувам денот да продолжи во мирна и демократска атмосфера и ги повикувам сите граѓани да го искористат своето право на глас и да ја дефинираат иднината на…

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација денеска продолжува со натпреварите за пласман на Европското првенство 2025 година. После убедливиот пораз од Германија на гостински терен, нашите ракометарки имаат нов предизвик – дуел со Словенија. Овој натпревар се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот.Селекторот, Киристијан Грчевски на дуелот со Германките на располагање ја немаше најдобрата ракометарка Сара Ристовска која не се најде ниту во составот поради повреда.Поминаа 26 години откако Македонија последен пат ја победи Словенија која пак има добиено девет од 13 средби, една има завршено нерешено, додека последниот триумф нашата женска селекција го има забележано…

Read More

Без поголеми редици гласачи и мирна атмосфера пред и во избирачките места, имаше утрово во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во скопската општина Чаир. Гласањето се одвива мирно, а членовите на избирачките места рекоа дека избирачкиот процес започнал навреме. Врз основа на личен документ за идентификација, се прави проверка на електронски уред за идентификација, како и проверка во Избирачкиот список, по што гласачите го остваруваат своето право на глас. Фото: Мета.мк На овие локални избори, се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани. На локалните избори има…

Read More

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе остане затворен до понатамошно известување, соопшти Израел, откако палестинската амбасада во Каиро најави дека единствениот излез на Газа кон надворешниот свет ќе биде повторно отворен во понеделник. Во соопштението од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху се вели дека повторното отворање на Рафах ќе зависи од тоа како Хамас ќе ја исполни својата улога во прекинот на огнот за враќање на останките на сите 28 мртви заложници. Министерството за надворешни работи на Израел претходно соопшти дека преминот веројатно ќе биде повторно отворен во недела. Израелската војска доцна во саботата соопшти дека Црвениот крст ги…

Read More

Голем број луѓе се собраа на протестите „Без кралеви“ против политиките на претседателот Доналд Трамп во повеќе градови низ САД, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Мајами и Лос Анџелес. Илјадници луѓе го исполнија Тајмс Сквер во Њујорк и улиците околу него, со транспаренти со слогани како „Демократија, а не монархија“ и „Уставот не е опционален“. Пред демонстрациите, сојузниците на Трамп ги обвинија демонстрантите дека се поврзани со екстремно левичарското движење Антифа и го осудија она што го нарекоа митинг против омразата на Америка. Неколку американски држави ја мобилизираа Националната гарда, но организаторите рекоа дека настаните биле мирни. Откако се врати во Белата…

Read More

Пролет и Алкалоид се сретнаа во рамките на осмото коло во Супер-лигата, натпреварот им припадн на избраниците на Кирил Лазаров, кој славеа со 20-29 за шест победа сезонава.Пред почетокот на натпреварот имаше минута молк во чест на Илија Темелковски. Поранешниот македонски селектор голем дел од својата играчка, но и тренерска кариеа ја мина токму во редовите на Пролет, каде последно беше дел од младинската школа.

Read More

Мали трикови, големи ефекти: три едноставни навики што можат да ви го продолжат животот и да ви донесат чувство на целосна рамнотежа. Понекогаш дури и здравиот начин на живот не оди непречено. Така Емили А. Франсис, сега позната авторка и експерт за велнес, доживеа целосен пресврт на само 25 години. Таа држеше часови по фитнес со години, но потоа анксиозноста и нападите на паника ја презедоа контролата. Стигна до точка каде што повеќе не можеше да излезе од дома – а камоли да одржува тренинзи. Наместо да се откаже, таа се сврте кон длабоко лекување. Не беше лесно: ѝ беа…

Read More

Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa…

Read More

Чистењето на машината за перење е исклучително важна работа. Квалитетот и ефикасноста на нашето перење првенствено зависат од оваа активност. Секако, домашните методи се во преден план меѓу средствата за чистење. Чистењето на машината за перење со сода бикарбона е најпопуларно, но не е единствено. Содата бикарбона е навидум обичен прехранбен производ, но се покажува дека е изненадувачки ефикасна во чистењето. Користењето сода бикарбона за чистење на машината за перење е добро познат метод кај домаќинките. Како да се исчисти машината за перење со лимонска киселина? Веќе ги знаеме начините за чистење на машината за перење со сода. Сепак, меѓу…

Read More