Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, но недостасува испораката од Унијата
    Политика

    Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, но недостасува испораката од Унијата

    04/12/20256 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Некој рече дека сме фрустрирани. Мислам дека веќе не сме фрустрирани, некако се навикнавме, како да е сето тоа нормално. Секако, ироничен сум, се обидувам да покажам со една реченица што се случува“, рече Николоски.

    Тој истакна дека во изминативе децении направивме голема жртва за пристапниот процес, но сега клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и земјата ќе се приклучат кон ЕУ.

    „Прво, името го променивме двапати – прво беше за меѓународна употреба: Поранешна југословенска Република Македонија, потоа моравме да го промениме името за целиот свет, како и за внатре, во земјата, во Северна Македонија. Ја променивме валутата, знамето, уставот седум пати, сега треба и по осми пат. И тоа е бескрајна приказна и кога зборувате со луѓето, тие прашуваат: дали е ова последната работа. И тоа е одговорот што не го добиваме“, рече Николоски.

    Тој додаде дека сега сме во комуникација со нашите бугарски пријатели и со други засегнати страни и нашето главно прашање е дали другата страна може да направи нешто, за да има некаква рамнотежа и многу често одговорот е „не“.

    „Тоа е реалноста, но мислам дека треба да живееме со неа, не треба да кажеме: во ред, се откажуваме. Земјата се трансформира однатре, колку што можеме со наши внатрешни ресурси, но се обидуваме да користиме и меѓународни ресурси, без разлика дали преку соработка со ЕУ, со САД… Потпишавме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прва земја во ЈИЕ што потпишала ваков договор, имав чест да го потпишам тој договор во мај годинава. Не е дека не работиме, не е дека не се обидуваме или дека не бараме партнери и очигледно партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација. Во однос на ЕУ – да, се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па сè до Романија и Бугарија. Сè било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја“, рече вицепремиерот Николоски.

    Според него, се слушаат приказни за отворени прозорци, динамика, моменти … и тоа не се менува.

    „Јас сега гледам многу отворени прозорци за две други земји во регионот кои се надевам дека ќе се остварат, бидејќи ни се соседи, но не сакам да сум им во кожата на политичарите во Албанија и Црна Гора во 2029 кога ќе им кажат: нема членство или ќе им кажат, може да дојдете на состанокот, но нема да имате право на глас. Или може да дојдете на овој состанок, но треба да излезете кога ќе дојде оваа точка на дневен ред, ова може да го правите, ова не… Членка сте, ама не сте членка. Не би сакал да сум во нивна кожа. И затоа мислам дека е фер да се има чесен пристап за регионот“, потенцира Николоски.

    Тој изрази стравување дека сè уште постојат сили во регионот кои се моќни, кои бараат да искористат прилика да ја преземат моќта со друга визија и чекаат процесот на проширување да пропадне.

    „За различни земји – причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ‘ова може, ова не може“. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање: следниот самит, па следниот самит, јуни, декември, можеби во средина на март … и така времето си минува и она од што се плашам е што може да му се случи на регионот во иднина“, истакна вицепремиерот.

    Николоски потенцира дека во вакви услови единствен начин да се развиваат земјите е економската соработка и при тоа ги истакна владините планови за крупните регионални проекти со кои се унапредува економската соработка со соседите.

    „Она што сметам дека треба да го правиме е да соработуваме економски, што веќе го правиме во регионот и да се поврземе. Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранското до Црното Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопатишта, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот“, рече Николоски.

    Тој нагласи дека со Грција се преговара за креирање 13 линии на граничните точки, со цел сè да функционира побрзо, а со Бугарија разговараме за железницата.

    „Денеска ќе се сретнам со нивниот вицепремиер (Караџов), за да отвориме уште една гранична точка. Така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри“, додаде Николоски.

    Тој истакна дека поддршката за членство во ЕУ во регионот е сè уште висока и го потенцира случајот со Словенија и Хрватска, како модел за добра соработка и решавање на билатерални прашања, но како што рече за жал „иако Македонија е отворена за соработка, а од другата страна нема интерес“.

    Според него, во регионот се шират многу дезинформации и некои медиуми ја трујат јавноста, при што единствениот начин на кој можеме да се бориме со тоа е да испорачуваме резултати.

    „Мислам дека приказната за проширувањето е нешто што неколку клучни играчи во ЕУ го водат, кажуваат што ќе се случи, а што нема да се случи. Сметам дека е фер да се каже тоа на регионот и да се обидат да се поврзат со регионот преку други форми на комуникација и соработка. Не можам да разберам како е можно од нас да се бара повторно да го смениме Уставот, откако сменивме сè што требаше да смениме, а од друга страна има 14 одлуки од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои Бугарија не ги спроведува за македонското малцинство таму. И никој не им врши притисок, а нам ни се врши притисок. Се надевам дека ќе се промени ова, но не сум сигурен“, рече Николоски.

    Во однос на иницијативата Европска политичка заедница, Никослоски оцени дека тоа е добар форум за дискусија, што може да прерасне во нешто што ќе ја обедини Европа.

    „Апетитот во регионот сè уште е голем и поддршката за членство во ЕУ е висока, но факт е дека има нови сили кои велат: не, не треба да го правите тоа. И затоа мислам дека е чесно да се зборува отворено со луѓето“, нагласи Николоски во обраќањето на панелот.

     

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Папата Лав загрижен за демократијата, откако Трамп ги нападна неговите ставови против војната со Иран

    Тиквеш нема намера да застане: Домашните бодови секогаш се приоритет

    Изложби и концерти во Отворено графичко студио во Музеј на Град Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.