Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Петровска: Без промена, СДСМ ќе биде турнат на маргините, па дури и целосно ќе исчезне од политичката сцена
    Македонија

    Петровска: Без промена, СДСМ ќе биде турнат на маргините, па дури и целосно ќе исчезне од политичката сцена

    25/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На својот фејсбук-профил Петровска по завршување на конгресот напиша дека последниот изборен резултат претставува катастрофа што не може да се третира како изолиран случај, туку како логична последица на долгогодишното отсуство на отворена дебата и сериозна анализа на поразите на изборите во 2021 и 2024 година, како и на резултатот од парламентарните избори во 2020 година.

    Таа предупреди дека повторувањето на истите грешки може да има кобни последици за партијата, додавајќи дека иако социјалдемократијата како идеја останува жива, СДСМ без суштинска промена во начинот на функционирање ризикува постепено да биде турнат на маргините, па дури и целосно да исчезне од политичката сцена.

    Петровска предложи конкретни демократски реформи, меѓу кои и измена на Статутот со која претседателите на општинските организации би се избирале директно од членството, наместо да бидат именувани од претседателот на партијата, како што било досега. Според неа, ваквата промена е клучна за враќање на реалната моќ на одлучување кај членовите и за обновување на довербата во внатрепартиската демократија.

    Петровска посебно ја нагласи важноста на критичката мисла, оценувајќи дека таа е суштински елемент на социјалдемократијата и не смее да биде задушувана. Со цел да се расчистат сомнежите околу мотивите за внатрешните критики, таа предложи воведување политички ветинг за сите сегашни и поранешни носители на јавни и партиски функции, вклучително и за членовите на раководството.

    Како што истакна, целта е да се спречат јавни пресметки и меѓусебни обвинувања што дополнително ја разоруваат партијата и ја оддалечуваат од граѓаните.

    Во заклучокот, Петровска порача дека со јасна стратегија, искрено соочување со реалноста и одлучно дејствување, секој проблем може да се претвори во предизвик, а секој предизвик – во можност за нов политички успех.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Андоновски: Борбата против дезинформациите не смее да стане борба против критиката

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата

    Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава резултати, вели Мицкоски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.