Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Куновска за Конгресот на СДСМ: Театар на апсурдот со полна сцена, а смислата отсутна
    Македонија

    Куновска за Конгресот на СДСМ: Театар на апсурдот со полна сцена, а смислата отсутна

    25/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Вчерашниот конгрес на некогаш моќниот СДСМ наликуваше најмалку на политички настан. Тоа беше изведба на една одамна напишана, слабо режирана и безброј пати репризирана претстава. Театар на апсурдот во кој сцената е полна, а смислата отсутна.

    Првиот чин започна со монологот на ‘главниот лик’. Наместо автентичен политички говор, добивме хибридна конструкција, склопена од алгоритам и носталгија. Комбинација од вештачка интелигенција и механички пресликан говор на Бранко Црвенковски од 8 октомври 2009 година, од Универзалната сала, кога одекна прочуеното ‘Или си СДСМ, или не си’. Денес, таа реплика беше изговорена како лошо синхронизиран ‘дубл’ без страст, без уверување, како дигитално ехо од една одамна одиграна претстава.

    Во вториот чин, на сцената се појави хорот. Поранешен партиски функционер, во улога на сценски менаџер, по налог од режисерската кабина во Муртино, се погрижи уште на почетокот да продефилираат десетици ‘спонтани’ говорници. Нивната задача беше едноставна: аплауз на команда, поддршка на сигнал, илузија на одушевување.

    Третиот чин го донесе врвот на апсурдот. ‘Главниот лик’, кој во координација со својот политички татко, човекот што на таен состанок на Бихаќка ја породи зачнатата идеја на неколку последователни средби на тајни локации со Мицковски, идејата за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како наводен спас од длабока опозиција, сега излезе пред публиката и ги обвини критичарите на состојбите во СДСМ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Обвинение изговорено без срам и усул.

    Епилогот беше не само предвидлив туку и очекуван. Овој конгрес не беше катарза, туку уште една реприза на истата агонија. Наместо крај на поделбите, овој конгрес на СДСМ го трасира нивното официјализирање. Наместо пресврт на една некогаш моќна политичка сила, овој највисок орган ќе послужи за да се одржи и натаму политичкиот стечај.

    Во очи на Конгресот кружеше и мит за некаков ‘голем бунт’, се подгреваше легенда за некакви митски авторитети, кои наводно ќе ја превземеле сцената. Само за потсетување, тоа се оние исти ликови кои со години се гоштеваа и се напиваа од Муртинскиот бунар, луѓе кои никако не можат да бидат носители на драматичен пресврт, таков каков што навистина му е потребен на СДСМ.

    Најтрагичната улога, сепак, им припаѓа на искрените, чесни и добронамерни членови на партијата. Тие се заложници на сценарио во кое СДСМ мора да остане политички анестезиран, сè додека во заднината не се одигра најважниот чин, измените на Кривичниот законик, скроени во Муртино, кои треба да обезбедат сигурна застареност за потенцијалните кривични прогони на клучни поранешни функционери.

    По последниот аплауз, Бихаќка ќе биде оставена како празна сала по завршена претстава, отстапена како бакшиш, без публика и без употребна вредност.

    И да не се залажуваме, оваа претстава не е во продукција само на СДСМ. За реализацијата на ова сценарио, путер на главата имаат и одредени структури на ВМРО-ДПМНЕ кои седејќи мирно во режисерската столица, даваат тивка поддршка од сенка“, пишува во својата оцена за Конгресот на СДСМ, Софија Куновска.

     

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство

    Зеленски „сè уште не е подготвен“ да го прифати американскиот предлог за ставање крај на војната, вели Трамп

    Муцунски во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.