Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра
    Политика

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тој посочи дека со актуелната минимална плата од 26.000 денари, во услови на криза и постојан раст на цените, невозможно е да се има достоинствен живот.

    ​„Во овој момент минималната плата изнесува 26.000 денари. Сметаме дека во оваа ситуација на криза, на огромна цена на горивата и зголемени цени на прехранбените производи, оваа минимална плата е апсолутно недоволна за добар, квалитетен и достоинствен живот на работниците. Над 70 проценти од работниците во земјава живеат со примања помеѓу минималната и просечната плата. Во услови кога синдикалната кошничка изнесува близу 70.000 денари, односно над 90.000 денари, доколку се пресметаат и трошоци за кирија или кредит за стан, сегашната минимална плата покрива едвај 31 до 37 проценти од вкупните трошоци на едно семејство“, истакна Филипче.

    Тој додаде дека од минималната синдикална кошничка околу 25.000 денари, речиси цела една минимална плата од 26.000 денари, оди за прехранбени производи и безалкохолни пијалоци.

    „Ако на тоа се додадат трошоци за школски прибор, што е сега актуелен, околу 7.000 денари, за транспорт околу 5.000 денари, за облека околу 6.000 денари, за здравство околу 1.100 – 1.200 денари, практично нашите работнички семејства не можат да го преживеат месецот“, рече Филипче.

    ​Тој објасни дека финансирањето на оваа мерка може да се обезбеди преку кратење на луксузните трошоци во буџетот, како што се набавките на мебел, автомобили и патни трошоци на функционерите, а за приватниот сектор, рече дека ќе предложат мерка за субвенционирање на придонесите, со цел да не се оптоварат компаниите.

    „​Така како што ние правевме во владите на СДСМ за време на кризата, кога и соочени со најголемата криза – ковид кризата во којашто никој не знаеше што ќе се случува, цел свет беше затворен, платите и пензиите континуирано растеа и имаше поддршка за стопанството. Над две милијарди евра отидоа како поддршка за компаниите, за компаниите да ги зачуваат работните места. Власта сега нека најде начин, кога може да се луксузира, да троши граѓански пари неотчетно, нетранспарентно, како сега за овој концерт којшто премиерот излажа дека биле потрошени 0 денари, па веќе следниот ден кога му ги извадивме документите, сите граѓани видоа дека премиерот лаже и дека троши граѓански пари, пари на граѓаните, народни пари за такви луксузни забави и прослави во ситуација кога има граѓани коишто не можат да го преживеат месецот“, изјави Филипче.

    ​Покрај законот за минималната плата, СДСМ поднесува и законски измени за заштита на правата на бремените жени и родилките во делот на користењето на годишниот одмор, со кои ќе им се овозможи неискористениот одмор поради породилно отсуство да го користат до крајот на декември следната година, наместо до крајот на јуни.

    ​Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува поддршка од власта, тој рече дека не очекува, обвинувајќи ја дека таа не се грижа за граѓаните.

    ​Во однос на прашањата за состојбата во енергетскиот сектор и евентуалното поскапување на струјата, според Филипче секторот лошо се менаџира и се бележи пад во домашното производство. Тој изјави дека очекува поскапување и на струјата и на парното.

    ​На прашањето да даде коментар за одлуката на Врховен суд за укининувањето на пресудата за Ласкарци претседателот на СДСМ потенцираше дека единствен начин да се врати довербата во правосудниот систем е европскиот пат и отворањето на преговорите со Европската Унија.

    Според него, власта има тенденција да прикаже дека дека делови од судството се под контролира на СДСМ.

    „Јас во принцип не сакам да коментирам судски одлуки, но сметам дека во ситуација во којашто довербата во судството е исклучително мала, исклучително ниска, единствен начин на којшто можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем е тука да имаме европско правосудство. И тоа е концептот на приближувањето кон Европската Унија, на отворањето на кластерите, на преговорите и така натаму, затоа што тоа значи зајакнување на системот. Тоа значи присуство тука на европско обвинителство, на судови по европски критериуми во коишто никој никогаш нема да биде поштеден. Тоа е единствено нешто коешто е зрак надеж за нашите граѓани дека нас може да нѐ биде и да биде тука држава добра, да се зајакне системот и граѓаните да почнат да ја враќаат довербата во правосудството“, одговори Филипче.

     

    Поврзани вести

    Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026

    Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура

    11/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) „Тој беше мојата прва вистинска љубов, се изгубив во интимните моменти на снимањето“

    Ова се најновите информации за повредата на Лука Дончиќ!

    Напаѓачот од плажата Бонди во Сиднеј, што уби 15 лица, ќе одговара за 59 кривични дела, вклучувајќи и тероризам

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.