Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа на 25 октомври. Најголем број пратеници во Народното собрание освоија „Студентската листа – Студентите победуваат“ со 2.354.417 гласови и освоени 140 мандати. На второ место е „Единствена Србија“ на поранешниот претседател Александар Вучиќ со 1.731.323 гласови и освиени 103 пратенички мандати.
Во парламентот влегуваат и листата „Расим Љајиќ – Људски“ која освои 20.638 гласови доволни за еден мандат, „Сојузот на војводинските Унгарци – д-р Балинт Пастор“ со 35.461 гласови за два мандати, „Усаме Зукурлиќ“ – Движење за обединување“ со 12.440 гласови за еден мандат, „СДА – Чувари на Санџак“ со 12.596 гласови за еден мандат и Албанската коалиција која освои 27.673 гласови и два мандати.
Според официјалните податоци од РИК, во парламентот не влегуваат претставници на листите „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ со 94.766 гласови, „Руска партија – Срби во БРИКС – Слободан Николиќ“ 6.503 гласови, Автентична десница – д-р Милош Јовановиќ“ 39.503 гласови, „Европска Србија – Мариника Тепиќ – Здравко Понош“ 12.570 гласови, „Богољуб Кариќ – Српско движење на моќ“ 20.045 гласови, „Либерално зелена партија – За слободна и почиста Србија“ 2.686 гласови, „Јас ја бирам правдата, јас ја бирам иднината – коалиција на Сила“ 1.187 гласови, Партија на руско српско единство 4.286 гласови, „Извинете, ова е за вас – Петар Ѓуриќ, премиер на Србија“ 2.022 гласови, „Владимир Гајиќ – Алтернатива за Србија“ 3.705 гласови и „Мајка Србија – Груда“ 3.234 гласови.
Според податоците на РИК, гласањето се одржа на 8.392 избирачки места, а во избирачкиот список беа регистрирани 6.451.292 гласачи.
На изборите излегоа 4.444.310 гласачи, гласаа 4.441.636, а важечки гласачки ливчиња имаше 4.385.065.
Во рок од 10 дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од изборите, комисијата им доделува мандати на кандидатите за пратеници според нивниот редослед на изборната листа.

