Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Вработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче
    Македонија

    Вработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче

    26/04/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против 28-годишен гостиварец поради сомнение дека сторил кривични дела „Силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина“.

    Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во основно училиште, ја навел 14-годишната девојка да му испраќа фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави доколку не излегува со него.

    „Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба“, соопшти обвинителството.

    За ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку осум години.

    Обвинителството наведува дека месецов осомничениот повторно се обидел да ја уцени малолетничката за да се сретнат, но откако таа одбила, тој ги објавил експлицитните фотографии и видеа на социјална мрежа.

    „Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело“, наведуваат од обвинителството.

    Кривичното дело „Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина“ беше воведено во Кривичниот законик во февруари годинава, а за него е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

    Поврзани вести

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    09/09/2026

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026

    Вилијам Болдвин за конфликтот со Шерон Стоун: „Никогаш повеќе нема да работам со неа“

    09/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Софија негира дека дистрибуиралe дипломатска нота за патување на семејството на Мицкоски

    Ако тој дојде за тренер на Реал, тогаш Мбапе ќе мора да си оди!

    Почина италијанскиот стрип-автор и сликар Серџо Таркинио

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.