Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Спорт»Дуел на Арената: На Работнички му „гори под нозе“, Брера нема намера да застане
    Спорт

    Дуел на Арената: На Работнички му „гори под нозе“, Брера нема намера да застане

    28/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Работнички се наоѓа на незавидна позиција на табелата, на претпоследното место, и нема многу избор, едноставно мора да победува и да собира бодови за да побегне што е можно побрзо кон средишниот дел. Затоа, дуелот против АП Брера е многу значаен, а избраниците на тренерот Алпарслан Ердем гледаат шанса да се вратат на победите.

    Според дефанзивецот Виктор Велкоски, редно време е за победа и три бода.

    „Работиме напорно, ги анализираме натпреварите и знаеме дека и покрај тоа што бевме поразени од Вардар и од Шкендија, се забележува напредок во играта. Веруваме и очекуваме дека тоа ќе даде ефект на дуелот против Струмичани, дека ќе победиме и ќе освоиме три бода. Во никој случај не го потценуваме младиот тим на Брера, но едноставно наш императив се бодовите на овој меч“, изјави Виктор Велкоски.

    Фудбалерите на АП Брера забележаа две победи на последните три натпревари и забележаа скок на табелата, но сега сакаат да продолжат во ист стил и на гостувањето во Скопје, на дуелот со Работнички. Младиот стратег Мартин Алаѓозовски вели дека тимот е подготвен за надигрување.

    „Го респектираме Работнички, мислам дека имаат многу квалитетен состав. Но, и ние сме мотивирани да одиграме добро на Арената во Скопје и да освоиме бодови. Доаѓаме да се надигруваме, имаме тим кој има што да каже на секој натпревар во елитата. Ќе сториме сѐ да освоиме бодови и да продолжиме со позитивен тренд во шампионатот“, вели шефот на стручниот штаб на АП Брера.

    Натпреварот меѓу Работнички и АП Брера се игра од 15:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

    Поврзани вести

    Одбојкарите сериозно ослабени го очекуваат првиот меч со Холандија

    02/06/2026

    Охрид „гореше“ во името на историската европска титула (ФОТО)

    02/06/2026

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес

    01/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    Мицкоски е болен, го откажа денешното обраќање на македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“

    Премиерот ќе побара лидерска средба за укинување на техничката Влада

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.