Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муцунски: Анита Орбан потврди дека за Унгарија Западен Балкан останува приоритет
    Македонија

    Муцунски: Анита Орбан потврди дека за Унгарија Западен Балкан останува приоритет

    16/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, разговорот со Анита Орбан, бил конструктивен, позитивен и насочен не само на одржување на добрите односи, туку и на надградување на билатералните односи.

    „Дискутиравме за многу прашања, примарно насочени кон заедничките билатерални проиоритети. Тоа што особено ме радуваше е што таа потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за Западен Балкан што е за нас многу битно. Зборувавме за добрите односи што државата ги има на само на политичко поле, туку и во делот на економијата и трговијата, но и се согласивме дека заеднички можеме да направиме и уште повеќе. Се договоривме да ја продолжиме интензивната комуникација и во периодот што следи по формирањето на новата влада во Унгарија да оствариме средба“, рече Муцунски, на новинарско прашање по прес-конференцијата со неговиот белгиски колега Максим Прево.

    Прашан какви односи очекува со новата унгарска Влада рече дека има многу работи кои ги спојуваат двете држави и оти не може билатерални односи помеѓу две држави кои се партнери во НАТО и кои имаат ист интерес насочен кон европската иднина на државата да бидат единствено врзани со политички влади.

    „Природата на демократијата е дека политички влади доаѓаат и заминуваат. На крајот на денот, да ја потсетиме македонската јавност. Денес се шири еден страшен и опасен наратив од главната опозициската партија, но таа кога беше на власт исто така имаше добра соработка со Владата на премиерот во заминување Орбан и така треба. Така што, се случил изборниот  резултат, честитаме на победата, нема ништо позначајно од демократската волја на народот којшто даде јасен и недвосмилесен сигнал во Унгарија. Со госпоѓата Орбан се согласивме дека не само што треба да ги негуваме добрите односи, туку да продолжиме во духот на конкретната соработка да имаме уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ“, рече Муцунски.

    На прашање за очекувањата од претстојните избори во Бугарија Муцунски истакна дека посакува да се формира стабилна политичка влада со која ќе се почне дијалог за решение за билатералниот спор.

    „Посакуваме успех на изборниот ден од демократска гледна точка, а исто така секако да се формира стабилна политичка влада. Кој ќе ја формира таа политичка влада зависи од  сувереното право на граѓаните на соседна Бугарија. Наш приоритет во последниот период и за последните денови можам да кажам дека сме прилично успешни како влада иако имаше голем број на провокации кои доаѓаа од одредени поединци кај нашиот сосед, е да не дозволиме нашата држава да стане дел од изборниот наратив  во соседна Бугарија. И заради тоа што не реагиравме на тие провокации, сметам дека успеавме да не бидеме дел од наративот, а тоа секако е олеснителна околност во отпочнување на дијалог што ни е потребен помеѓу двете држави за изнаоѓање на сооодветни праведливо решение за билатералниот проблем којшто постои“, наведе Муцунски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Судот за воени злосторства во Хаг денеска ќе ја објави пресудата за поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи

    Муцунски очекува да продолжи соработката со Унгарија

    Сексапилната русокоса ги израдува мажите: „Сама сум, чекам љубовта да ме најде“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.