Најновoто ажурирање на „Where Winds Meet“ од дополнителни 70 гигабајти донесе цел нов регион по кој е именуван додатокот наречен „Чинџоу“ („Qinzhou“). Во овој регион преовладува црвена трева наместо зелена, а во околината на целата нова област со приморски населби, има нова приказна со нови интриги и ликови, нови светски „босови“ на кои може да ги тестирате вашите вештини и рефлекси. Има и можности за драстична надоградба на ликот преку нова колекција за собирање на „Oddities“, а што се однесува до PvP (борби против други играчи) талентите се ресетирани поради почеток на сосема нова сезона и нема драстични промени од претходно во тој домен.
Трејлерот за апдејтот покажува како изгледа овој голем додаток на максимум графика:
Иако се мислеше дека за да се пристапи на овој аптејт ќе треба да ја имате завршено последната кампања со планините (hidden mountain), излезе дека, за да пристапите во Чинџоу зоната, треба да сте на ниво 32, како и да ви е помината и завршена главната приказна во првата зона. Ова многу го олеснува пристапот до новата зона и за почетниците во играта, кои во последно време ги има многу повеќе откако самата игра „Where Winds Meet“ на гејмерскиот светски настан „Gamescom 2026“ освои прво место во светот за најдобра игра на мобилен телефон.
Играта е сосема бесплатна и е „cross-platform“ што значи дека може да се игра и на компјутер и на мобилен телефон со истиот лик каде што сте застанале. За играчите на конзоли достапна е и за „PS5“. А овде имаме бројни написи за оваа игра уште кога беше првонајавена досега.
Со овој аптејт доаѓа и ново оружје во играта во вид на музички инструмент – тапан со ленти, односно „ribbon drums“ и е во спојка со нов вид на лепеза „Fan Weapon“ како што досега се вадеа по две компатибилни оружја при новитети и големи апдејти на играта. Играчите сакаат и да комбинираат некомпатибилни оружја што не се во спојка, што понекогаш има подобар ефект како што беше до неодамна најпопуларното хибридно спарување на оружја на кинеската верзија на играта на орујжата „Hengblade“ и „Heavenly Fists“ кое во PvP даваше огромни предности иако „на хартија“ комбинацијата немаше голем бонус како што имаат сите спарени оружја, каде „Belstrike Umbra“ комбинација е една од уште најкористените дека има најсолидни комбоа и за PvE и за PvP за која ви го препорачуваме билдот (поставеност на користени оружја и способности) како на следнавe слики според симболите:


Еве како изгледа борењето со „Тапанот со Ленти“ и „новата Лепеза“, најновите две оружја кои се добиваат со завршување „ланци“ на задачи-„квестови“ во новата зона:
Згора на сето ова, пристигнаа и оружјата кои се со ознака левел 100, бидејќи досега играчите што имаат левелирани ликови до левел 100 користеа опрема: накит, оклопи и оружја лимитирани на левел 96.
Тие што решиле да го направат пробивот („Breakthrough lvl.18 Discernment“) целата игра им станува драстично потешка, но имаат можност да ги користат помоќните оружја од левел 100 да балансираат, како и можноста за лимитирано појачување на боречки вештини и скилови. А ако ви стане претешка играта, можете да намалите тешкотија во секое време со намалување на левелот на општо достигнување што сега е гореспоменатиот левел 18 на акаунтот.

И левелирањето на самите ликови и опремувањето со најдобра опрема оди драстично побрзо во „Where Winds Meet“ за разлика од повеќето MMO-RPG игри од сличен тип на мрежни игри, каде овие два фактора се драстично побавни и се троши подолго време да се „измаксираат“ до крај. A за крај на овој напис ви го презентираме официјалниот гејмплеј трејлер за најновата зона- како знае да делува при самото играње на играта:

