Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника
    Македонија

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се лекуваат, а бројот на новодијагностицирани расте – само во 2025 година тие се 115. Вкупно 835 пациенти од 48 општини се на имуномодулаторните лекови опфатени со дисперзијата и сите тие терапијата ја подигаат или ја примаат на Клиниката во Скопје. Од нив, 491 живеат надвор од скопскиот регион и многумина патуваат секој месец, често со придружник, што значи трошок, отсуство од работа и дополнителен напор за луѓе со хронична болест.
    Ова беше истакнато денеска на потпишувањето меморандум за децентрализација на терапија за мултиплекс склероза со Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8 Септември“ и Клиничката болница Штип.
    Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека децентрализацијата овозможува да се опслужат повеќе пациенти без Клиниката да стане тесно грло и додаде дека буџетот за лекови за мултиплекс склероза годинава изнесува 451 милион денари.
    „Овва ќе биде олеснување за пациентите, кои терапијата ќе ја добиваат поблиску до својот дом, но и унапредување за здравствените работници во регионалните болници, чиј делокруг на работа се збогатува. Секако, ова е модел и за други области, како онкологијата“, рече Клековски.
    Директорот на Универзитетската клиника за неврологија, Јован Божиновски, истакна дека иницијативата е одговор на долгогодишните барања на Здружението за борба против мултиплекс склероза.
    „Правилникот ги утврдува лековите, надлежностите, условите за центрите и постапката, а со протоколот секоја болница одделно ги презема обврските што ја засегаат. Болниците се обврзуваат да одредат одговорен невролог, фармацевт и обучени медицински сестри, да ги чуваат и издаваат лековите по пропишан режим, да ја евидентираат секоја доза и да ги пријавуваат несаканите реакции во рок од 24 часа. Клиниката ја задржува стручната, финансиската и организациската одговорност: таа ги набавува лековите, преку Комисијата за имуномодулаторна терапија одлучува за секој пациент, ја фактурира терапијата кон Фондот за здравствено осигурување и врши надзор во центрите најмалку еднаш годишно“, појасни директорот Божиновски.
    Децентрализацијата опфаќа десет лекови, поделени во две групи. Во првата се лековите што пациентот сам си ги применува – интерфероните, глатирамер ацетат и оралните лекови (диметил фумарат, терифлуномид, кладрибин) – и тие се подигаат месечно од болничката аптека на центарот. Во втората се биолошките лекови окрелизумаб, натализумаб и офатумумаб, сите во субкутана форма, кои ги аплицира медицинско лице во центарот. Терапијата се воведува на Клиниката, каде пациентот ја прима првата доза, поминува обука и потпишува согласност, а сите наредни дози ги прима во регионалниот центар. Контролите се на секои шест или 12 месеци, со дигитален конзилиум.
    Како што информираат во Министерството за здравство, во првата фаза КБ Штип ќе ги покрива источниот, југоисточниот и вардарскиот дел (околу 128 пациенти), СБ „Св. Еразмо“ – југозападниот дел и Битола (околу 146), а ГОБ „8-ми Септември“ ги презема пациентите од Скопје (344). Вкупно 618 пациенти (74 %) ќе можат терапијата да ја добиваат во регионален центар, а заедно со пациентите од граничните општини, кои сами ќе го изберат центарот, до 692 (83 %). Преминот е доброволен, пациентот преминува дури откако ќе потпише писмена согласност, а оној што не сака да премине, останува на Клиниката без никакви последици врз правото на терапија.

    Поврзани вести

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп бара засилена проверка на странските работници кои се ангажирани од американски технолошки компании

    „Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година

    Ѕвездата од „Игра на тронови“ ја напушти глумата: Завршив во болница

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.