Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка
    Забава

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Британскиот актер Мартин Фримен (55), познат по улогите во серијата „Шерлок“ и филмската трилогија „Хобит“, тајно се оженил со својата долгогодишна партнерка, француската актерка и режисерка Рејчел Бенаиса (34).

    Двојката е заедно шест години, а веста за венчавката излезе во јавноста по нивното заедничко појавување на Лондонскиот филмски фестивал.

    Фримен и Бенаиса ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но во четвртокот вечерта привлекле внимание со прстените што ги носеле. Рејчел имала веренички прстен со голем смарагд и златна бурма украсена со дијаманти, додека Фримен носел златен прстен.

    Набргу потоа, портпаролот на актерот потврдил дека двојката навистина се венчала.

    Бенаиса е родена во францускиот град Тулуз, а пораснала во Лондон. Таа се занимава со глума и режија, а се појавила во сериите „Нормални луѓе“ и „This Way Up“, како и во филмот на Нетфликс „Ирска желба“.

    Двојката е во врска од 2020 година и настојува приватниот живот да го држи подалеку од јавноста.

    Пред врската со Бенаиса, Фримен 16 години бил во врска со актерката Аманда Абингтон, со која глумеше во серијата „Шерлок“. Тие се разделија во 2016 година и имаат две деца, синот Џо (20) и ќерката Грејс (18).

    Иако ретко зборува за љубовниот живот, Фримен минатата година во подкастот „Table Manners“ откри дека тој и неговата партнерка сакаат заедно да готват, а дека таа особено ужива во сирење и вино.

    Поврзани вести

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Шест правила за долг брак што не излегуваат од мода

    27/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ВМФЛ: Шкендија (А), Скопје и Охрид пред лесни победи, Брегалница ја чека тешко гостување кај Детонит

    (Фото) Како Синди Крафорд изгледа толку добро на 60 години: што прави секој ден

    Мицкоски: Не сме акционерско друштво за снабдување на Србија со нафта

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.