Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра
    Македонија

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе вработени и едно правно лице добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување исправа.
    И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување и соизвршителство, иако како и управителот на правното лице од Битола, додека правното лице од Скопје за фалсификување исправа.
    Како што информираат од МВР, И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, ја злоупотребил својата службена положба, со намера да овозможи противправна имотна корист за други, така што постапил спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година. Тој, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. Притоа и покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина. Дополнително, без претходно изготвен и потпишан записник од отворање на понудите и извештај од спроведена постапка, го прифатил предлогот за избор од Комисијата врз основа на најниска цена. Воедно, истиот бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Етичкиот кодекс на СМО, дека понудувачите не ги исполнуваат условите, како и дека за сите ставки од техничката спецификација нема понудено цени, а критериум за избор бил најниска цена, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Скопје склучил договор за набавка на услуги, со што му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 29.244.786 денари или над 475.000 евра. Исто така, донел и втора одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Битола склучил договор за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 782.050 денари или речиси 13.000 евра.
    Вработените во УХМР, Р.Б. како претседател на комисија, Н.А. и Ј.М.- членови на Комисија за спроведување на набавка, во текот на 2023 година постапиле спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на СМО и спротивно на условите и критериумите утврдени во документацијата за набавка. Тие иако знаеле и биле свесни дека понудата на правното лице од Скопје е задоцнета и не ги исполнува условите и критериумите во документацијата за набавка, како и дека понудата на правното лице од Битола е технички неисправна, спротивно на фактичката состојба, без да изготват и потпишат записник и извештај од спроведена постапка, преку формален записник од состанок на комисија дале предлог за избор на најповолна понуда врз основа на цената, иако за сите ставки од техничката спецификација економскиот оператор не понудил цена и не може да се одбере најниска понуда без целосно пополнета техничка спецификација.
    Вработените А.С. како изготвувач на одлука за набавка и С.А.М. и С.С. како одобрувачи на набавка, иако знаеле дека одлуката правно е нецелосна и процедурално неисправна, изготвиле и своерачно потпишале одлука за набавка. Исто така, А.С. изготвила, а С.А.М. и С.С. контролирале и ставиле своерачни потписи и пуштиле во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, со што извршиле свесна верификација на невистинити финансиски податоци и овозможиле неоснована исплата.
    И Л.К. како контролор од Секторот за финансии, контролирала и ставила своерачен потпис и пуштила во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, не е согласно понудата од техничката спецификација, пропуштајќи да изврши задолжителна суштинска и претходна финансиска контрола на доказите. Со ова дејствије, истата извршила свесна верификација на невистинити финансиски податоци и свесно пуштила во реализација и ликвидација финансиска фактура и овозможила неоснована исплата.
    В.Х. како управител и одговорно лице во правното лице од Битола, во име и за сметка на истото, спротивно на императивните услови утврдени во документацијата за поднесување понуда, доставил понуда која уште во самиот старт е формално и технички неисправна, со цел да се остави простор за последователни манипулации со содржината, а со што понудата го губи легитимитетот на официјален и правно обврзувачки документ за целата содржина. С.С. (починат), во критичниот период управител и одговорно лице во правното лице од Скопје до УХМР во име на правното лице доставувал фактури кои содржеле невистинита содржина и не одговарале на понудените цени во техничката спецификација и обемот на услугите кои биле извршени.
    Со горенаведените дејствија И.Т., Р.Б., Н.А., Ј.М., А.С., С.А.М., С.С. и Л.К. постапиле спротивно на Етичкиот кодекс на СМО и овозможиле противправна имотна корист на правното лице од Скопје и противправна имотна корист на правното лице од Битола.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Еко свест: Без законот за почви има правна празнина во управувањето со жешките точки

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска

    Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

    „Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.