Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“
    Култура

    „Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

    11/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација.

    Со оваа награда „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма која ја обедини класичната музика, театарот и современите уметнички форми.

    „Голема чест и особена гордост е што токму во периодот додека сум на чело на НУ „Охридско лето“, фестивалот првпат е добитник на оваа престижна меѓународна награда. Ова признание не го доживувам како личен успех, туку како резултат на заедничката посветена работа на целиот тим, уметниците и институциите кои стојат зад фестивалот. Наградата е потврда дека „Охридско лето“ чекори во вистинска насока со јасна визија, висок уметнички квалитет и силна меѓународна афирмација. Ќе продолжиме уште поодлучно да го развиваме фестивалот и да го зацврстуваме неговото место на светската културна мапа“, вели директорот Ѓорѓи Цуцковски.

    Цуцковски вели дека наградите се мотив во иднина уште повеќе да се инвестира во содржини со високи уметнички стандарди, со светски реномирани имиња, но и да се даде простор за најдобрите домашни уметници.

    „Нашата цел е секое издание на „Охридско лето“ да понуди внимателно концепирана, балансирана и квалитетна програма која ќе ги оправда високите признанија кои ги добиваме од меѓународните институции со цел да ја оправдаме довербата на публиката и меѓународната културна јавност“, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026

    Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември

    16/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    АХВ апелира за строгa хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

    Шест хороскопски знаци влегуваат во златна ера која ќе трае до 2033 година

    Новогодишен хороскоп: Три знаци ги очекуваат неверојатни промени во 2026 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.