Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура
    Култура

    Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

    27/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На денешната прес конференција во Драмски по повод донесувањето на Одлуката на комисијата за конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години објавен на 25.7.2025 година, соопштија дека биле доставени три драмски текста од тројца автори.

    Комисијата во состав: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер), по анализа на доставените дела, едногласно одлучи наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години, да не се додели.

    Во образложението на одлуката што го прочита претседателката на Комисијата Викторија Рангелова-Петровска, драматург во Драмски театар Скопје се вели: „Комисијата аналитично ги разгледа драмските дела, кои се доставени во рок и ги исполнуваат условите согласно со објавениот конкурс. Комисијата потврди дека доставените текстови се испишани во драмска форма, воразличен жанр и стил. Обработуваат теми инспирирани од лични и општествени состојби. Доставените дела немаат целосно изградена и развиена драмска структура. Карактерите во делата се еднодимензионални и повеќе се функции одошто карактери кои го градат драмското дејство. Дијалозите се непотребно реторични, информативни или банални. Комисијата заклучи дека доставените драмски материјали имаат потенцијал, но развиени се до ниво на драмски скици/зачетоци, на кои им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови.

    Одлуката да не се додели наградата и оваа година може да се толкува како дестимулативен потег, но и покрај тоа Комисијата принципиелно стои на ставот дека единствениот критериум за доделување на наградата „Горан Стефановски“ е и мора да биде квалитетот на драмскиот текст. Малиот број на доставени драмски дела е уште еден критичен показател. Поради тоа Комисијата достави предлог до Управата на Драмски театар Скопје да разгледа три можни измени во Правилникот за наградата „Горан Стефановски“ и тоа: Да се зголеми возрасната граница, Потполно да се отстрани ограничувањето на возраста, Да се размисли за награда „Горан Стефановски“ за развој на драмски текст и негова сценска реализација.

    Директорот на театарот, Роберт Вељановски истакна дека и покрај недоделувањето на наградата и во втората година од востановувањето, целосно стои зад одлуката на комисијата и изрази заложба дека со големо внимание ќе биде разгледан предлогот на Комисијата за можноста за промена на критериумите во Правилникот за Конкурсот за драмски текст за наградата „Горан Стефановски“. Тој се надева дека наредните објавени конкурси со евентуалните измени ќе бидат исто така со критериум достоен на делото на Горан Стефановски, а од друга страна доволен мотив за авторите и нивните текстови да бидат дел од современата македонска драма со цел да се збогатува македонското драмско творештво и да се одржи континуитетот на македонското драмско писмо.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од мемоарите на Червар: На едни подготовки сакав да го „убијам“ Стоилов…

    Балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 23 јануари во Националната опера и балет

    Филипче: Луѓето живеат со високи цени, ниски плати и немаат никаква сигурност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.