Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Бугарија одвои 260 милиони евра за реконструкцијата на пругата кон Македонија
    Регион

    Бугарија одвои 260 милиони евра за реконструкцијата на пругата кон Македонија

    23/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Бугарската национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ) ја избра компанијата која треба да ја модернизира железничката линија Софија – Перник – Радомир и Ѓуешево до граница со Македонија. Вкупната вредност на договорите за реконструкција на делниците е над 260 милиони евра без ДДВ.

    Двата проекти се дел од Коридорот 8, а нивната имплементација е важен чекор кон обновување на железничката мрежа и подобрување на регионалната поврзаност помеѓу Црното и Јадранското Море, објаснува НКЖИ. Делницата од Софија преку Перник до Радомир ќе ја поправи конзорциумот ИСПА, кој понуди 210 милиони евра.

    Предвидено е да се изгради двојна железничка линија за брзини до 160 км/ч, да се реновира развојот на пругата кај станиците и целосно да се елиминираат премините на ниво со патен и пешачки сообраќај. Рокот за имплементација е до средината на 2029 година, објави НКЖИ.

    Конзорциумот „Ѓуешево 2025“ е избран за поправка на железничката линија од Ѓуешево до границата со Република Северна Македонија. Цената што ја понуди е речиси 50 милиони евра без ДДВ за делницата од 2,4 км.

    Јавната набавка за последните 2,4 км од железничката станица Ѓуешево до границата со Македонија е во фаза на проектирање и изведба. Покрај изградбата на пругата, планирана е и реконструкција на железничката станица Ѓуешево, која ќе стане гранична патничка и товарна станица за земјите од Шенген зоната. Рок за завршување на активностите е до крајот на 2028 година за целата делница, освен за последните 420 метри до тунелот.

    Поврзани вести

    Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

    24/11/2026

    Во Босна и Херцеговина децата со Даунов синдром учат безбедно да го користат интернетот преку видеоигра

    23/11/2026

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата и на „Алта лизинг“

    18/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026

    Се ближи крајот на годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември

    25/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    Гроздановски знае како се пишува историја во Гент!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.