Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата
    Забава

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ако треба да се верува на рекламите, комбухата може да направи чуда за здравјето на цревата, бидејќи благодарение на пробиотиците ја подобрува состојбата на долниот дел од дигестивниот систем, а со тоа и општата благосостојба.

    Сепак, вистината е малку посложена. Овој ферментиран чај, познат по својот специфичен вкус што наликува на оцет и кој им се допаѓа на некои, а на други не, би можел да биде корисен за цревата, но сè уште нема доволно истражувања за да се потврди колку се ефикасни неговите пробиотици, пишува „Eatingwell“.

    Количината на пробиотици варира од едно шише комбуха до друго, па затоа нејзината можна ефикасност може да зависи и од брендот што ќе го изберете. Но, дали постојат пијалоци кои се подеднакво корисни за цревата или дури и покорисни? „Eatingwell“ разговараше со диететичари специјализирани за здравјето на дигестивниот систем.

    1. Обичен кефир
    Двајцата експерти го издвоија овој ферментиран млечен пијалок како нивна омилена алтернатива на комбухата.

    „За разлика од многу комерцијални производи од комбуха, обичниот кефир содржи и протеини, калциум и други важни хранливи материи“, објаснува Ела Давар, регистриран диететичар.

    Грејс Гарет, исто така регистриран диететичар, истакнува дека ефектите од ферментираните млечни производи и нивните живи микроорганизми се проучени многу подетално врз луѓето отколку ефектите од комбухата. Затоа, кефирот би можел да биде посигурен избор кога целта е да се поттикне развојот на корисни цревни бактерии.

    Давар, исто така, ве советува да изберете производи без додаден шеќер, кои содржат живи култури. Дали имате проблем со лактозата? Утврдено е дека пробиотиците во кефирот можат да помогнат во нејзиното разградување, поради што овој млечен пијалак е полесен за варење за луѓето со нетолеранција на лактоза.

    2. Смутија од овошје и зеленчук
    „Една од најголемите предности на смутијата во однос на комбухата е можноста да им се додадат диететски влакна“, вели Гарет.

    „Влакната придонесуваат за редовно празнење на цревата, а одредени видови се храна за корисни цревни бактерии.“

    Таа препорачува додавање бобинки, киви, лиснат зеленчук, овесна каша, семе од чиа или мелен лен за да се зголеми нивниот позитивен ефект.

    Бидејќи комбухата е претежно без влакна, смути направено од цело овошје, зеленчук и семиња е подобар избор кога станува збор за достигнување на препорачаниот дневен внес на овие важни состојки.

    3. Зелен или црн чај
    Давар препорачува пијалоци богати со полифеноли, како што се зелен или црн чај, па дури и незасладено какао, за да се одржи дигестивниот систем здрав.

    „Полифенолите се растителни соединенија кои комуницираат со микроорганизмите во цревата. Истражувањата покажуваат дека овие интеракции можат да влијаат на метаболизмот на микроорганизмите и производството на соединенија кои би можеле да бидат корисни за телото“, објаснува таа.

    4. Сок од сливи
    За оние кои сакаат да се борат против запек, добриот стар сок од сливи сепак би можел да биде најдобриот избор.

    „Сокот од сливи природно содржи сорбитол, шеќерен алкохол кој привлекува вода во цревата и може да помогне во омекнувањето на столицата. Едно контролирано испитување покажа подобрување на конзистентноста на столицата и олеснување на симптомите на запек кај возрасни кои го консумирале овој сок“, вели Гарет.

    Сепак, не пијте големи количини веднаш. Гарет советува да започнете со помала порција и да проверите како реагира телото, со цел да се избегне прекумерна надуеност што сокот од сливи може да ја предизвика кај некои луѓе.

    Поврзани вести

    Се ближи крајот на годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември

    25/11/2026

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026

    Се ближи крајот на годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември

    25/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ПОЦ организираше крводарителска акција

    Мнозинството пратеници одби десетина амадмани со кои се бара повеќе пари за различни државни институции

    Легендата на Челзи го исмеваше Тотенхем!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.