Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Србија го протера и му забрани влез на италијанскиот истражувач Масимо Морати поради „безбедносен ризик“
    Регион

    Србија го протера и му забрани влез на италијанскиот истражувач Масимо Морати поради „безбедносен ризик“

    18/09/20266 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Српските власти му го одбија барањето за привремен престој на италијанскиот истражувач и активист за човекови права Масимо Морати, со образложение дека претставува „неприфатлив безбедносен ризик за земјата“, по што му е наложено да ја напушти Србија и му е изречена едногодишна забрана за влез, пренесува Опсерваториумот за Балкански Кавказски Трансевропа.

    Одлуката предизвика реакции од повеќе европски и меѓународни организации за слобода на медиумите и човекови права, кои бараат српските власти да ја преиспитаат и повлечат одлуката, а како особено спорен момент го посочуваат фактот што во решението не биле наведени дополнителни детали за тоа врз основа на кои конкретни околности Морати е оценет како безбедносен ризик.

    Морати е италијански државјанин кој повеќе од две децении работи во регионот. Тој е истражувач и Senior Research Affiliate во италијанската организација Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa (OBCT), која следи политички, општествени и медиумски процеси на Балканот и во Југоисточна Европа.

    Според информациите објавени од OBCT и Советот на Европа, Морати од 2005 година работел како дописник на организацијата прво во Сараево, а подоцна и во Белград. Во периодот од 2011 до 2018 година работел во Србија на повеќе проекти поддржани од Европската Унија, насочени кон помош на раселени лица, бегалци и потенцијални баратели на азил. Подоцна работел и во Лондон како заменик-директор на европската регионална канцеларија на Amnesty International.

    Во Белград повторно се преселил во 2022 година, заедно со своето семејство, по работниот ангажман на неговата партнерка во Србија. Таму продолжил со истражувачката работа и се вклучил во активности поврзани со слободата на медиумите и заштитата на новинарите во Србија и пошироко на Западен Балкан.

    Случајот започнал во почетокот на годината, кога Морати и неговото семејство поднеле барање за привремен престој во Србија. Барањето било поднесено кон крајот на јануари. Во мај, неговата партнерка добила дозвола за привремен престој, но постапката за Морати продолжила. Во јуни тој бил повикан на формален разговор со претставници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), каде што бил испрашуван за неговите сегашни и претходни професионални активности во Србија.

    На 3 септември, неговата партнерка добила телефонски повик од полицијата со известување дека Морати следниот ден треба да се јави во одделот за странски државјани.

    На 4 септември, таму му била врачена одлуката со која му се одбива барањето за престој.

    Во решението, како причина било наведено дека неговото присуство претставува „неприфатлив безбедносен ризик за земјата“. Според достапните информации, српските власти не дале дополнително образложение за тоа кои конкретни факти или активности ја предизвикале ваквата проценка. На Морати му било наложено да ја напушти Србија во рок од 15 дена, а истовремено му била изречена забрана за повторен влез во земјата во траење од една година.

    Морати, со помош на адвокат, на 10 септември поднел жалба против одлуката. Покрај жалбата, тој побарал и привремена мерка од Управниот суд со која би се запрело спроведувањето на одлуката додека трае постапката. Во барањето, меѓу другото, било посочено дека неговото протерување би можело да доведе до присилно разделување од неговото семејство.

    Советот на Европа наведува дека Морати живее во Белград со својата партнерка, која има дозвола за престој и работи во градот, како и со нивното мало дете. Во моментот нема јавно објаснување од српските власти за тоа што точно претставува безбедносниот ризик што е наведен како причина за одлуката.

    Случајот е регистриран и на Платформата на Советот на Европа за безбедност на новинарите, откако предупредувањето било поднесено од Европската федерација на новинари (EFJ), Меѓународната федерација на новинари (IFJ), Репортери без граници (RSF) и Меѓународниот институт за печат (IPI). Платформата побарала од српските власти да дадат појаснување за правната основа и фактичките причини поради кои на Морати му е одбиен престојот, вклучително и дали неговата работа во областа на слободата на медиумите, неговите истражувања или јавните ставови за прашања од јавен интерес имале влијание врз одлуката.

    Од Советот на Европа истовремено било побарано сите ограничувања што се однесуваат на странски новинари и медиумски работници да се применуваат транспарентно, пропорционално и недискриминаторски, со почитување на слободата на изразување и слободата на медиумите.

    И Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска побара од српските власти без одлагање да го објават правниот основ и конкретните причини за одлуката и да ја преиспитаат и повлечат забраната.

    НУНС посочува дека на Морати му било кажано дека претставува „неприфатлив безбедносен ризик“, но без дополнително објаснување на кои факти и околности се темели таквата проценка. Организацијата побарала и одговор дали неговиот професионален ангажман во областа на слободата на медиумите влијаел врз одлуката.

    Организациите што застанаа во одбрана на Морати сметаат дека неговото протерување може да биде поврзано со неговата долгогодишна работа на човекови права, слободата на медиумите и известувањето за политичките и општествените тензии во Србија. Тие, сепак, нагласуваат дека српските власти не навеле конкретно дека токму неговата работа е причината за одлуката.

    Морати е дел од Media Freedom Rapid Response (MFRR), европски механизам што ги следи и реагира на случаи на нарушување на слободата на медиумите во Европа. Во рамките на оваа работа тој учествувал и во мисијата за слободата на медиумите во Србија во март 2026 година, организирана од MFRR заедно со Платформата на Советот на Европа за безбедност на новинарите.

    Извештајот од мисијата бил објавен во јули годинава. Мисијата се занимавала со состојбата со слободата на медиумите и условите во кои работат новинарите во Србија. Токму временската рамка на овие активности е еден од елементите поради кои организациите за слобода на медиумите изразуваат сомнеж дека одлуката за Морати може да има врска со неговиот професионален ангажман.

    MFRR и OBCT во своето соопштение тврдат дека во последните години во Србија е забележано влошување на условите за слободно работење на медиумите, вклучително и случаи на физичко насилство врз новинари и притисоци врз независни медиуми и критички гласови. Организациите оценуваат дека одбивањето на дозволата за престој и последователната наредба за протерување можат да претставуваат форма на административен притисок врз Морати поради неговата работа.

    Случајот со Морати, според MFRR и организациите за слобода на медиумите, не е изолиран. Тие посочуваат дека во последните две години имало повеќе случаи на странски активисти од граѓанскиот сектор, новинари и бранители на човекови права во Србија на кои им бил одбиен или одземен престојот, кои биле протерани или им бил забранет повторен влез во земјата.

    Во дел од тие случаи, како образложение исто така биле користени општи формулации поврзани со „безбедносен ризик“. Овој тренд е нотираn и во поглавјето за владеење на правото во Србија во Извештајот на Европската комисија за 2025 година.

    Бараат укинување на забраната

    Во заедничката реакција, OBCT, Европската федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите, Free Press Unlimited, ARTICLE 19 Europe, International Press Institute, Index on Censorship, Reporters Without Borders, Balkan Free Media Initiative и International Federation of Journalists побараа српските власти веднаш да ја повлечат наредбата за протерување и едногодишната забрана за влез.

    Организациите велат дека внимателно ќе го следат понатамошниот тек на постапката, особено поради тоа што случајот се случува во контекст на пошироки дебати за состојбата со слободата на медиумите во Србија. Засега останува отворено прашањето кои се конкретните причини поради кои српските безбедносни структури го оцениле Морати како „неприфатлив безбедносен ризик“. Одлуката е обжалена, а за нејзината конечна судбина треба да одлучуваат надлежните институции. Од српските власти досега нема јавно објавено дополнително образложение со конкретни факти за проценката врз која се темели одлуката.

    Поврзани вести

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Европската федерација на новинари преземањето на порталот Нова.рс го оцени како нова репресија против медиумите во Србија

    14/10/2026

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Филипче бара комисија за Изборниот законик, Мицкоски вели опозицијата да достави предлози што веднаш ќе ги прифати

    Трипуновски: Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“

    Големите оперски ѕвезди Јахо и Кастроново ќе го отворат 66.Охридско лето

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.