Автор: Редакција
Европскиот совет воведе санкции врз два руски субјекти за кои изјави дека се поврзани со пропаганда и дезинформации од Москва. Санкциите беа воведени врз медиумската платформа „Евромор“ и Фондацијата за поддршка и заштита на правата на сонародниците што живеат во странство (Правфонд), за кои Советот во соопштението изјави дека даваат „правен и аналитички резултат кој систематски се користи за зајакнување на клучните точки на дезинформација на Кремљ“. Руските претставници велат дека ЕУ постојано ја ограничува слободата на изразување со забрана на медиуми кои се осмелуваат да ги оспорат сопствените перцепции на ЕУ за светот. Москва негира дека шири дезинформации и…
Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.„Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија“ , објави Мицкоски на Фејсбук.Овие средби, напиша Мицкоски, се важни затоа што…
Прашањето кое Василевска го поставила на сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа поради ограничувањето од 30 секунди, интегрално, во писмена форма, на англиски и француски јазик го доставила и до канцеларијата на Берсе.„Почитуван Генерален секретар, како член на македонската делегација, дозволете ми јасно и директно да прашам: дали Советот на Европа ќе реагира, и со кои конкретни механизми ќе постапи во случајот со адвокатот Менкиноски, кому му е изречена десетгодишна забрана за влез во Република Бугарија, и тоа во својство на адвокат активно ангажиран во постапки пред Европскиот суд за човекови права”, прашува Василевска.Македонската пратеничка укажува дека оваа…
Сиљановска-Давкова го поздравила високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на наградените, уважувајќи го нивниот реален придонес за државата, и како што информираат од кабинетот, ја прифатила поканата, и годинава, во својство на покровителка да им ги врачи признанијата на добитниците, во рамките на свеченото отворање на традиционалниот самит на „Македонија 2025“.Поради растечкиот интерес на дијаспората за враќање во земјава, но и за поттикнување на младите и валоризирање на нивниот придонес, соговорничките се согласиле дека е добро, во иднина да се воведат две нови категории на награди: за млади и за повратници во државата.На средбата, Мојсоска-Блажевски укажала и на…
Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакревски, за Мета.мк потврди дека Државниот просветен инспекторат утврдил нерегуларности кај седум студенти на магистерски и четворица на докторски студии. Тој додаде дека факултетот веќе постапил по решението, кое сам го иницирал и на овие студенти им е прекинато студирањето. „Јас лично како декан го пријавив случајот и побарав од ДПИ да ги испита состојбите и да направи вондреден инспекциски надзор. Моја законска должност како декан е кога ќе имам индиции за евентуални нерегуларности, да го пријавам тој случај до надлежните институции. Така би постапил при секоја ситуација“, изјави деканот. Тој појасни дека…
Најголем број утврдени случаи на дискриминацијата во 2025 година, се во институциите на јавниот сектор (38 случаи или 68 проценти), а утврдени се и случаи во приватниот сектор (11 случаи или 20 проценти), како и на социјалните мрежи и медиумите (7 случаи или 13 проценти).Ова го истакна претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ при презентацијата на годишниот извештај за работата на Комисијата за 2025 година, кој беше разгледан на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.„Од предметите за кои КСЗД донесе мислење по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, во 56 случаи или…
Опфатот со прва доза МРП вакцината (мали сипаници, рубеола, заразни заушки) бележи намалување во 2025 година, достигнувајќи речиси 63 отсто, што е значително под препорачаниот опфат од 95 отсто на национално ниво, наведено е во последниот извештај што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во време кога се одбележува Европската недела на имунизација. „Во 2025 година, опфатот со МРП вакцината изнесува 62,7 отсто, што е далеку под препорачаното ниво за постигнување колективен имунитет и претставува јасен индикатор за недоволна имунизациска покриеност, со зголемена можност за епидемиско ширење на болеста“, потенцирано е во извештајот. Иако бројките се загрижувачки среде одбележување…
Фондацијата Метаморфозис по третпат го распишува конкурсот за доделување на годишната награда „Илија Жупаноски“, наменета за новинари, граѓански организации и поединци кои активно придонесуваат во борбата против дезинформациите во земјата. Конкурсот предвидува доделување на две награди во различни категории. Првата категорија е за „Најдобар новинарски, односно стручен труд“, каде може да се пријават истражувачки стории, анализи, проверки на факти и други стручни содржини поврзани со дезинформациите. Втората категорија се однесува на „Едукативна мултимедијална содржина“, наменета за млади на возраст од 18 до 28 години, со фокус на креативно и иновативно користење на дигитални алатки за јакнење на отпорноста кон дезинформации.…
На десетина студенти запишани на магистерски и докторски студии запишани на Филозофскиот факултет во Скопје им биле прекинати студиите откако Државниот просветен инспекторат утврдил дека не ги исполнувале уловите, односно немале завршени додипломски студии, пренесува порталот МКД.мк. Уписите за магистерски чинат околу 2-3 евра, а за докторски студии околу 5-6 илјади евра, а како што пренесуваат од МКД, студентите сега бараат поврат на средствата, неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, но деканатот на Филозофски не одговарал. Министерството за образование и наука (МОН), во изјава за МКД, кажа дека по поднесена пријава до Државниот просветен инспекторат бил спроведен вонреден инспекциски…
Две жени, на возраст од 62 и 56 години побарале Итна медицинска помош во Кавадарци под сомнение дека се затруле со заостанати велигденски јајца. Една од жените, била задржана на болничкото одделение во болницата, а другата, по неколку часовно медицинско следење, изразила желба да си оди дома бидејќи се чувствувала подобро. Ова за МИА го потврди началникот на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, доктор Антон Паракеов. Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош во Кавадарци изјави за МИА дека и за време на неговата смена имало пациенти со поблаги симптоми на труење, кои навеле дека претходно јаделе велигденски…
