Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Метаморфозис го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“
    Македонија

    Метаморфозис го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“

    21/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Фондацијата Метаморфозис по третпат го распишува конкурсот за доделување на годишната награда „Илија Жупаноски“, наменета за новинари, граѓански организации и поединци кои активно придонесуваат во борбата против дезинформациите во земјата.

    Конкурсот предвидува доделување на две награди во различни категории. Првата категорија е за „Најдобар новинарски, односно стручен труд“, каде може да се пријават истражувачки стории, анализи, проверки на факти и други стручни содржини поврзани со дезинформациите. Втората категорија се однесува на „Едукативна мултимедијална содржина“, наменета за млади на возраст од 18 до 28 години, со фокус на креативно и иновативно користење на дигитални алатки за јакнење на отпорноста кон дезинформации.

    Право на учество имаат автори кои своите материјали ги објавиле во периодот од 1 ноември 2025 до 1 октомври 2026 година, во печатени медиуми, на телевизија или на интернет портали. Дополнително, дозволено е пријавување и на серии поврзани содржини што обработуваат една тема.

    Пријавените трудови ќе ги оценува комисија составена од релевантни претставници од медиумската и јавната сфера.

    При изборот, предност ќе имаат материјали кои обработуваат дезинформации со висок потенцијал за штета, теми од широк јавен интерес, како и трудови што нудат нови сознанија и решенија за справување со проблемот.

    Рокот за пријавување е до 1 октомври 2026 година, а апликациите се доставуваат по електронски пат. Заинтересираните кандидати треба да пополнат соодветен формулар и да го испратат заедно со својот труд.

    Паричната награда за првата категорија изнесува 2.000 евра во денарска противвредност, а за втората категорија е предвидена награда од 1.000 евра.

    Од Метаморфозис информираат дека право на учество немаат вработените во фондацијата, како и надворешни соработници со материјали подготвени во рамки на проекти на фондацијата.

    За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат преку електронска пошта најдоцна до 1 септември 2026 година.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шестмина судии добија забрана за вршење на должност, Баскет Кам казнет со 30.000 денари!

    Почна новата ера во Формула 1, Оскар Пјастри најбрз по првиот ден

    Левица: Обвинителството раководено од ДПМНЕ ги дава првите резултати на политичкиот пазар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.