Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филозофскиот факултет запишувал студенти на магистерски и докторски студии без дипломи
    Македонија

    Филозофскиот факултет запишувал студенти на магистерски и докторски студии без дипломи

    21/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На десетина студенти запишани на магистерски и докторски студии запишани на Филозофскиот факултет во Скопје им биле прекинати студиите откако Државниот просветен инспекторат утврдил дека не ги исполнувале уловите, односно немале завршени додипломски студии, пренесува порталот  МКД.мк.

    Уписите за магистерски чинат околу 2-3 евра, а за докторски студии околу 5-6 илјади евра, а како што пренесуваат од МКД, студентите сега бараат поврат на средствата, неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, но деканатот на Филозофски не одговарал.

    Министерството за образование и наука (МОН), во изјава за МКД, кажа дека по поднесена пријава до Државниот просветен инспекторат бил спроведен вонреден инспекциски надзор. Како што утврдил инспекторатот, на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје биле запишувани студенти на втор и трет циклус студии (магистерски и докторски) без да ги исполнуваат законски предвидените услови.

    „Констатирани се неправилности, поради што од страна на инспекторатот се донесени соодветни решенија со кои е наложено поништување на извршените уписи, согласно законските надлежности. Во однос на прашањата поврзани со евентуално враќање на уплатените средства, надомест на штета поради изгубено време, како и последици врз работниот статус на засегнатите лица, ве известуваме дека овие прашања не се во надлежност на Државниот просветен инспекторат, туку истите може да се остваруваат во соодветни постапки пред надлежни органи и институции“, се вели во одговорот на МОН.

    Министерката за образование и настава, Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува согласно наодите на инспекторатот и дека се очекува извештај, по што ќе биде донесена конечна одлука за случајот.

    „Има нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при додипломскиот упис, туку на втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат донесе заклучоци и го информираше факултетот, кој веќе постапува. Го очекувам конечниот извештај, по што ќе донесам и конечна одлука“, изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација”, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Со „Оче наш“ и доделувањето на награди завршува овогодинешниот Cinedays

    Анима Мунди смета дека разрешувањето на директорката на Лајка е нетранспарентно

    Постигнат договор за платите на административците меѓу Владата и синдикатите – покачување од 40 отсто за 11.000 вработени

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.