Автор: Редакција

Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан. На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува исцрпувачката сезона на четвртото место на АТП листата со 4.830 поени, иако некои други тенисери имаа одлична можност да го „прескокнат“ на Завршниот Мастерс во Торино. Ноле се откажа од овој турнир во последен момент и со тоа ја „скрати“ својата сезона, но и покрај тоа е четврти овој понеделник.Во исто време, Новак Ѓоковиќ влезе во уште еден рекорд во својата ризница на рекорди, станувајќи тенисер со најмногу недели поминати меѓу најдобрите „четворки“ на АТП листата.Ѓоковиќ поминал дури 808 недели од својата кариера. Не треба да заборавиме дека мнозинството се најдоа на првото место…

Read More

Фрлањето отпад во контејнерите од денеска ќе биде забрането во периодот од 22 часот до 6 часот. Советот на Скопје на последната седница одлучи да ја измени Одлуката за комунален ред за да му помогне на јавното претпријатие Комунална хигиена да го одржува градот чист. Непочитувањето на одлуката ќе се казнува со 50 евра за граѓаните, како и над 1.300 евра казни за фирмите. Од Градот Скопје информираа дека инспекциите постојано ќе бидат на терен за да се почитува одлуката, но во првите неколку месеци нема да казнуваат, туку ќе издаваа само опомени. Градските власти објаснуваат дека во сите поголеми…

Read More

Филмот „Диџеј Ахмет“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, овој викенд постигна исклучителен меѓународен успех, освојувајќи шест престижни награди на три европски филмски фестивали во само два дена.Од својата премиера, „Диџеј Ахмет“ постојано добива одличен прием кај публиката – гледачите по проекциите со ентузијазам споделуваат дека филмот ги изненадил, трогнал и воодушевил. Токму таа искрена поддршка се рефлектира и во вниманието што го добива на меѓународните фестивали.На Босфорскиот филмски фестивал (@bogaziciff) филмот ги освои: ● Специјална награда на жирито ● Награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј АхметНа Севилскиот европски филмски фестивал (SEFF) (@festivalsevilla)…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика републиканците во Претставничкиот дом да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, што е пресврт од неговиот претходен став. „Републиканците во Претставничкиот дом треба да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, бидејќи немаме што да криеме“, напиша Трамп на Truth Social во неделата вечерта. Големото поместување во ставот на Трамп доаѓа откако потенцијално десетици републиканци сигнализираа дека се подготвени да гласаат за објавување на документите. Се очекува Претставничкиот дом оваа недела да гласа за закон што ќе го принуди Министерството за правда јавно да ги објави досиејата. Поддржувачите на законот се чини дека…

Read More

Филмот „Диџеј Ахмет“ освои шест награди на три европски филмски фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот освои специјална награда на жирито и награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј Ахмет. На Севилскиот европски филмски фестивал ги освои Гран при наградата на жирито и наградата за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп, додека, пак, на Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал, наградата на жирито за најдобар европски дебитантски или втор филм и наградата од публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм. „Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и…

Read More

Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“.Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во Будимпешта. Веќе следната година напролет, унгарскиот Национален театар ќе возврати посета со гостување во МНТ.Во пресрет на гостувањето на МНТ во „Nemzeti Színház“, директорот Никола Кимовски потенцираше дека ова е голема чест и силна потврда за квалитетот и зрелоста на нашиот ансамбл.„Ова…

Read More

„Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет“, рече во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложи предлог-буџетот за 2026 година.Како што напомена Димитриеска-Кочоска, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции.Со Предлог-буџетот за 2026 година, дополни, Владата ја задржува  конзистентноста во економските политики…

Read More

„Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во негово омасовување. Да му посветиме поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени на образование и да вклучиме во него искачување на планина, оти над речиси секое наше населено место има таква, не случајно. Да изградиме, во соработка со локалната самоуправа соодветна инфраструктура, планински домови, куќички, видиковци, но и поголеми сместувачки капацитети, одморалишта, хостели, хотели. Знам дека имаме скромни капацитети и можности, но може да почнеме со реновирање на планински домови, а потем и со градење нови. Свесна сум дека се…

Read More

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои  ги спроведе во  изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од  каде учениците најчесто купуваат храна. Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно…

Read More